Министерот Димовски пошумуваше во Кратовско
Дата на објава: 
23 Ноември 2011
posumuvanje 23.11.2011.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски  денеска, во рамки на есенската акција  за пошумување на Република Македонија -,,Ден на дрвото засадија својата иднина,,   учествуваше во пошумувањето на месноста Присое во Општина Кратово. Оваа локација како што истакнаа  организаторите на акцијата ќе се пошуми со 10 илјади садници.

Според министерот Димовски, Владата на Република Македонија и Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, како и голем број институции, ја поддржаа и осмата по ред акција за пошумување. ,, Во есенската акција според планираното треба да се посадат околу 6 милиони садници, со што уште еднаш ќе покажеме дека зачувувањето на природата, на шумите, еден од нашите приоритети. Кампањата за пошумување, како што рече министерот Димовски  е потврда  на фактот дека со секоја нова акција се зголемува и свеста на граѓаните за важноста  на шумите и за нивното зачвување,,-рече тој.


Органското производство евидентно зголемено, неопходна интензивна промоција
Дата на објава: 
22 Ноември 2011
image1.jpg

Производителите се задоволни од владините субвенции, бараат поддршка од науката и размислуваат за здружување во кооперативи со цел заеднички, поуспешен настап беше кажано на денешната трибина што ја организираше Федерацијата на фармери и на која учествуваше и заменик министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Зоран Коњановски.

 

- Субвенциите за органско призводство во 2007 година беа 11 милиони денари,а  денес се 110 милиони или 10 пати повеќе. Идната година се предвидени околу 130 милиони денари. Пред само неколку години беа пријавени 266 хектари за органско производство, а денес се евидентирани повеќе од 5.200 хекатри. Бројот на органски пчелни семејства беше 110, а сега е 14.000, додека бројот на овци пријавени во делот органско сточарство беше 2.500, а денес е околу 98.000, изјави заменик министерот Коњановски.

 

Напредокот е евидентен, напомена Коњановски, додавајќи дека Министерството е подготвено да им излезе во пресрет на производителите за решавање на кој било проблем.


Квалитетот на тутунот ќе ја диктира откупната цена
Дата на објава: 
21 Ноември 2011
tutun ok 1.JPG

,,Годинава очекувам порелаксирана атмосвера во откупот на тутунот од новата реколта. Претстои тутунарите на регуларен начин да го предадат родот и да си го земат заработеното. Задоволен сум што комбинатот прв почна да откупува во Прилепско иако крајниот рок за почеток е 15. декември.И другите компании според најавите ќе почнат со откуп деновиве,, - изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски во Прилеп, на почетокот на откупот на тутунот во прилепскиот тутунски комбинат.

 

Како што истакна тој, годинава не се менува бројот на лиценцирани компании. Се се одвива според измените во Законот за тутун со цел  да се заштитат тутунарите. Се промени и Правилникот за процена на тутунот според кој, како што потенцира министерот, сега откупот се врши во три класи.


Кинески компании заинтересирани за македонскиот вински сектор
Дата на објава: 
21 Ноември 2011
kinezi 009.jpg

Најголемата кинеска компанија од виснкиот сектор во почетокот на идната година ќе дојде во Република Македонија  да го скенира винскиот пазар и да ги согледа можностите за извоз на македоснко вино во Кина. Ова денеска го најави заменик министерот за земјоделство на Народна Република Кина, Гао Хонгбин на средбата со министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и заменик министерот за земјоделство Зоран Коњановски. Ваквата најава од кинеското ресорно министерство, како што објасни Хонбин, следува по минатомесечното потпишување на договор од една кинеска компанија за извоз на македонско вино на кинескиот пазар во вредност од 250 илјади евра.


Интервју со заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски
Дата на објава: 
20 Ноември 2011

Интервју со заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски

 


Syndicate content