Успешно спроведен проектот за идентификација на земјоделски парцели - СИЗП
Дата на објава: 
28 Ноември 2011
Lpis.jpg

Попрецизна слика за агросекторот, поефикасно аплицирање на субвенции и подобра контрола ќе овозможи Системот за идентификација на земјоделските парцели (СИЗП). Овој проект што почна во 2008 година, денес е веќе во финална фаза, а се очекува да профункционира од 2013 година.

 

- Со максимална посветеност ја стартувавме реализацијата на овој референтен систем свесни за потребата од негов развој и имплементација со цел и во оваа област да бидеме на ист ранг со земјите-членки на ЕУ, истакна ресорниот заменик-министер Зоран Коњановски на денешниот завршен семинар за проектот.

 

Околу 200 оператори се веќе обучени за системот, но дополнително, како волонтери во проектот се вклучени и уште 70 студенти кои моментно посетуваат обуки.

 


Отворени денови на министерството за земјоделство во Струмица
Дата на објава: 
27 Ноември 2011
Otvoreni denovi.jpg

Министерот за земјоделство Љупчо Димовски  и неговиот заменик Зоран Коњановски денеска со средба со земјоделците од Струмичко  ги почнаа Отворените денови на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, кои стартуваат од  подрачната единица во Струмица.

 

- Наша основна цел со оваа кампања која ја планиравме од поодамна е да дојдеме меѓу земјоделците и откупувачите и заедно да ги согледаме проблемите и најдеме решение за нив, изјави министерот Димовски.

 

Тој најави дека во рамки на Отворените денови на Министерството кои ќе се одржат во неколку региони во државата преку директни разговори ќе бидат промовирани стратегии за формирање земјоделски задруги и рурален развој и за можностите за натамошно зајакнување на македонскиот земјоделец и македонското село. Ќе следат пакет мерки за помош и подршка на идните земјоделски задруги.

 


Oтворени денови на министерството за земјоделство
Дата на објава: 
25 Ноември 2011

Во насока на отворена и транспарентна комуникација со граѓаните, а со цел излегување во пресрет на потребите на граѓаните, министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ќе организира отворени денови низ Македонија. На отворените денови кои ќе се реализираат до крајот на оваа и во наредната година ќе бидат разгледувани проблемите со кои се соочуваат земјоделците, а истовремено заинтересираните граѓани ќе можат да даваат идеи и предлози за теми кои се во надлежност на министерството.

 

На овие средби граѓаните ќе разговараат со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, заменик министерот Зоран Коњановски, државниот секретар Бесир Јашари како и со раководителите на секторите во министерството.

 


Јавен оглас бр. 07/11
Дата на објава: 
24 Ноември 2011

Ј а в е н О Г Л А С    бр. 07/11

за давање во закуп на земјоделско земјиште

во државна сопственост до 10 хектари

Додаток за превземање: 

Јавен повик бр. 07/11
Дата на објава: 
24 Ноември 2011

Ј а в е н П О В И К    бр. 07/11

за доставување на понуди за давање во закуп

на земјоделското земјиште во државна сопственост до 10 хектари

I.  ПРЕДМЕТ НА јавниот ПОВИК

Се објавува јавен повик за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост за долгогодишни насади за времетраење од 30 (триесет) години за катастарската општини:

 

1. К.О. Дабниште, регион Кавадарци,

2. К.О. Конопиште, регион Кавадарци,

3. К.О. Мрежичко, регион Кавадарци,

4. К.О. Грушани, регион Кавадарци,

5. К.О. Демир Капија, регион Неготино,

6. К.О. Долни Дисан, регион Неготино,

7. К.О. Горни Дисан, регион Неготино,

8. К.О. Вешје, регион Неготино,

9. К.О. Балинци регион Валандово,

10. К.О. Евла, регион Ресен,

Додаток за превземање: 

Syndicate content