Дата на објава:
17 Јули 2013Социјалдемократскиот сојуз на Македонија очигледно изненаден дека веднаш беа доставени на јавен увид сите детали од Договорот со ДПЗП Sahara Pure Eatables Corporation Limited ДООЕЛ, компанија основана од Сахара Индија Паривар, за долгогодишен закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост, сега бара контроверзии таму каде што не може да ги најде.
Транспарентноста на Министерството е секако доказ дека во овој случај, како и во другите активности кои ги спроведува согласно своите надлежности, нема што да крие, напротив.
Договорот е склучен согласно постапките уредени со одредбите од Законот за земјоделско земјиште, додека обврските кои ги има превземено инвеститорот, сведоци сме дека во текот на овие денови започнуваат да се спроведуваат согласно предвидената динамика.
Како и секој друг земјоделски производител во Република Македонија кој ќе ги исполни условите пропишани со годишните програми, ова земјоделско стопанство може да биде корисник на финансиска поддршка за земјоделството.