Николовски: Формиравме Комитет, кој ќе работи на надминување на сите бариери во меѓусебната трговија со Србија
Дата на објава:
7 Март 2018Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска одржа работен состанок со министерот за трговија, туризам и телекомуникации на Република Србија, Расим Љајиќ.Тема на состанокот беа измените на македонскиот „ Правилникот за изгледот, формата и содржината на барањето за издавање на контролни маркици за означување на брашно“, но и сите отворени прашања и недоразбирања во меѓусебната трговија помеѓу двете држави.
Двајцата министри донесоа заедничко решение, во интерес на двете држави, односно дека за пакувањата на увозното брашно еден, два и пет килограми, контролни маркици ќе се лепат во Србија, а за пакувањата од 25 и 50 килограми, контролните маркици ќе се лепат во Македонија. Воедно на состанокот министрите се договорија во рок да се формира Комитете составен од надлежните институции на двете држави, чија што работа ќе биде во насока на надминување на сите отворени прашања поврзани со меѓусебната трговија.