Ќе се подобрува системот за сметководствени податоци на земјоделските стопанства
Дата на објава:
14 Март 2018Прецизни податоци за рентабилноста на фармите, производствените трошоци и остварените приходи, треба да овозможи проектот за „Финализирање на мрежата на сметководствени податоци од земјоделски стопанства (ФАДН)“.Проектот за надградба на ФАДН, денеска го презентираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со раководителот на Секторот за соработка во Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Никола Бертолини, амбасадорот на Р. Италија, Карло Ромео, Амбасадор и амбасадорот на Р. Полска Јацек Мултановски.
Проектот е во вредност од 800.000 евра и е финансиран од Инструментот за претпристапната помош, ИПА, на Европската унија.
ФАДН е мрежа на сметководствени податоци од земјоделските стопанства која со новиот проект во претстојните 18 месеци ќе се унапреди според новата регулатива на ЕУ. Практично ќе се подобри, како што беше речено на презентацијата, користењето на ФАДН податоците за потребите на националната земјоделска политика.