Димовски и Коњановски на средби со земјоделците во Штип и Лозово
Дата на објава: 
17 Декември 2011
stip.jpg

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска организираше „Отворен ден“ со земјоделците од Штип и Лозово.

Заинтересираните граѓани од 11 до 16 часот, во просториите на подрачната единица на МЗШВ во Штип разговараа со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, заменик-министерот Зоран Коњановски и со раководителите на секторите.

Министерот Димовски истакна дека „Отворените денови“, кои се организираат по четврти пат, се со цел изворно да ги слушнат проблемите на земјоделците и да им скратат од трошоците за доаѓање во Скопје.

- Земјоделците ќе ни укажат на потешкотиите и проблемите што ги имаат, а сега нашата задача е токму во истиот момент да се обидиме тој проблем да го разрешиме или да ги упатиме на решението, рече Димовски.

Тој забележа дека земјоделците реагираат во делот на субвенициите, распределбата на земјоделското земјиште, проблеми кои, како што рече, во голем дел се решаваат.


Министерот Димовски на презентација на студијата „Проценка на економското влијание од климатските промени“.
Дата на објава: 
15 Декември 2011
Undp.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски денеска се обрати на презентацијата студијата „Проценка на економското влијание од климатските промени“.Студијата е дел од тековните активности на УНДП да го развијат аналитичкиот и институционалниот капацитет на земјите во транзиција со цел да се проценат економските влијанија од климатските промени. Студијата нуди прелиминарни проценки на економските влијанија од климатските промени во три области важни за економијата - побарувачката на енергија, водените ресурси и земјоделството. Во своето обраќање Министерот Димовски изјави дека МЗШВ веќе подолго време активно е вклучено во заштитата од климатските промени и оти се превземаат мерки за справување со нивните последици.

 


Министерството за земјоделство ја подготви Нацрт Програмата за имплементација на агроеколошките мерки
Дата на објава: 
15 Декември 2011
Agroekoloshki merki 005.JPG

Министреството за земоделство, шумарство и водостопанство со поддршка на Проектот ,,Развој и спроведување на агро – еколошки мерки,, ја подготви Нацрт Програмата за ИПАРД мерката 201 која се однесува на агроеколошките мерки. Оттаму, како што беше истакнато на денешниот трет Управен Комитет на Проектот, по 6 месеци интензивна работа евидентен е значителен напредок во поглед на усогласувањето на законската регулатива и подготовката на обемниот материјал кој наскоро треба да се најде на усогласување и пред Европската Комисија.


Заокружен проектот за заедничко уредување на пазарот
Дата на објава: 
14 Декември 2011
image 3.jpg

Јакнење на институционалните капацитети во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, подготовка и усвојување на низа подзаконски акти согласно ЕУ легислативата и спроведување на законите за земјоделство и рурален развој и за квалитет на земјоделските производи, се само некои од придобивките на проектот за Заедничко уредување на пазарот (ЗУП) што се имплементираше изминатите 17 месеци со финансиска поддршка на Европската унија.

 

Проектот работеше заедно со сите засегнати страни, Владата, земјоделците и преработувачите, со цел развивање национална стратегија и рамковна политика за поддшка на основањето задруги.

 


Финишираат подготовките за изградба на центар за производство на сертифициран семенски и саден материјал
Дата на објава: 
13 Декември 2011

Министерот за земјоделство, шумарство и водпстопанство Љупчо Димовски вчера вечер се сретна со висока делегација од Израел во состав David Cohen, амбасадор на Израел за Македонија, БиХ и Албанија, амбасадорот на Израел во Меѓународната агенција за развој MASHAV, Ben-Matityahu Ephraim, претставник од израелското Mинистерство за земјоделство, Daniel Werner, експертот за земјоделски технологии и производство на семе и саден материјал Gioria Tesler и почесниот конзул на Израел во Македонија, Viktor Mizrahi.


Syndicate content