Дата на објава:
20 Декември 2011Нема проблеми при откупот на тутунот. Досега се преземени речиси 20 проценти од реколтата тешка околу 18.000 тони, а исплатата се одвива непречено, согласно договорите. Од целиот процес, но и од квалитетот на родот се задоволни двете страни, и производителите и компаниите, констатира заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњаноски кој денеска во придружба на претставници од Државниот земјоделски инспекторат ги посети откупните пунктови во Прилеп.
Моментно се отворени околу 180 откупни места на осум компании. Просечната цена достигнува 170 денари за килограм.
- Задоволни сме од текот на откупот. Ова што денеска можев да го видам во прилепскиот Тутунски комбинат ме охрабрува. Сметам дека се создаде добар однос во процесот на откупот и ние ќе продолжиме да го градиме тој однос, рече Коњановски.