СООПШТЕНИЕ
Дата на објава: 
9 Јануари 2012

Во врска со вчерашната изјава во вестите на Телма ТВ на градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев за концесијата на земјоделско земјиште кое се наоѓа до самиот влез на Бања Банско ве известуваме за следново:

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се до 2007 година кога е донесен новиот закон за Земјоделско земјиште немаше законска основа за еднострано раскинување на договори, во услови на трајна пренамена на земјиштето од земјоделско во градежно. Ова се однесува и на  склучениот договор за долгорочен закуп на земјоделско земјиште, склучен во 2004 година помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и АД„ОРАНЖЕРИИ“ с.Хамзали - Босилово со кој се дадени  под закуп 72ха на 30 години.

Бидејќи законите не важат ретроактивно, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во целост ќе ги испочитува обврските кои се наведени во договорите за доделување на земјоделско земјиште под закуп потпишани во 2004 година. 


Демант
Дата на објава: 
5 Јануари 2012

Во насока на објективно информирање на јавноста, во контекст на информациите кои во текот на вчерашниот ден се појавија на одредени медиуми, а поврзани со концесиите за стопански и рекреативен риболов на Охридското Езеро, Преспанското Езеро, Дојранското Езеро и вештачкото езеро – акумулација Шпилје, како Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство сакаме да информираме за следново:

МЗШВ во целост ги демантира тврдењата изнесени во медиумите  дека трите природни езера и Дебарското  Езеро на кое е дозволено вршење на стопански и рекреативен риболов, ќе бидат дадени на еден концесионер. Станува збор за погрешно пренесена изјава  која не ја отсликува вистината. 

Имено, концесиите за секое од споменатите езера, пооделно ќе бидат регулирани со распишување на јавни огласи за секое езеро.


МИА ИНТЕРВЈУ со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски
Дата на објава: 
31 Декември 2011
MIA 5.jpg

Министре, донесе ли битни промени изминатава, 2011 година во земјоделството?

 

Карактеристично за македонското земјоделство во 2011 година беа осцилациите, не само во производството, туку и во откупот и продажбата но, она што ги одбележа изминатите 12 месеци е секако исклучително високата оценка од Европската комисија за спроведените реформи.

 

Исклучително добра 2011 беше за производителите на житни култури. Покрај одличниот род, тие остварија и далеку повисоки откупни цени во споредба со 2010 година, за  некои култури дури и до 70 проценти повисоки од ланските. Годината беше добра и за производителите на грозје. Откупната сезона помина без проблеми. Дефинитивно, 2011, во наредните неколку години ќе биде репер за квалитетно вино.

 


Министреството за земјоделство додели под концесија 59 ловишта
Дата на објава: 
30 Декември 2011
Lovishta dogovori 011.jpg

 

Повеќето од ловиштата, околу 40,  се за ситен дивеч, а останатите за крупен. Времето на концесија за крупен дивеч е 20 години од денот на објавувањето на одлуката во Службен весник, 21 декември 2011, а конецсијата за ситен дивеч 10 години од денот на објаувањето на истата одлука.

- Ги испочитувавме барања, предлозите и сугестиите на ловџиите и им излеговме во пресрет со цел уште повеќе да го унапредиме секторот ловство и да го поттикнеме развојот на ловниот туризам, рече министерot Љупчо Димовски при доделувањето на договорите.


Јавен повик бр. 09/11
Дата на објава: 
24 Декември 2011

 

Ј а в е н П О В И К    бр. 09/11

за доставување на понуди за давање во закуп

на земјоделското земјиште во државна сопственост до 10 хектари

I.  ПРЕДМЕТ НА јавниот ПОВИК

Се објавува јавен повик за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост за долгогодишни насади за времетраење од 30 (триесет) години за катастарската општини:

 

1. К.О. Тимјаник, регион Неготино,

2. К.О. Кошарка, регион Неготино,

3. К.О. Дуброво, регион Неготино,

4. К.О. Тремник регион Неготино,

5. К.О. Ваташа, регион Кавадарци

6. К.О. Ресава, регион Кавадарци

7. К.О. Шивец, регион Кавадарци

8. К.О. Балинци, регион Валандово

9. К.О. Град регион Делчево

Додаток за превземање: 

Syndicate content