Министерот Љупчо Димовски и принцот Мајкл од Кент ја посетија винарската визба „Тиквеш
Дата на објава: 
31 Јануари 2012
sliki 026.jpg

Неговото височество принцот Мајкл од Кент придружуван од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска ја посетија винарската визба „Тиквеш“. За време на престојот во винарска визба принцот од Кент, разговараше со менаџментот, инвеститорите, енолозите и лозарите-партнери на „Тиквеш“ за перспективите за развој и зголемен пласман на македонските вина на британскиот пазар.

 

Министерот Димовски истакна  дека гостите од Велика Британија биле позитивно изненадени од состојбите во македонското земјоделство и сериозно заинтересирани за влез во македонскиот аграр.

 

Рејмонд Пауер од британската бизнис група рече  дека имало заложби за покренување на фонд за македонскиот аграр. Рече дека земјоделците ќе можат да добијат поволни кредити.

 


Министерот за земјоделство Љупчо Димовски одржа работен состанок со претставници на Сојуз на стопански комори –Агробизнис комора
Дата на објава: 
24 Јануари 2012
Agrobiznis komora.JPG

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, денеска одржа работен состанок со претставници на Сојуз на стопански комори –Агробизнис комората и претставници од секторите во министерството. На состанокот стана збор за тековните прашања и проблеми во областа на земјоделството. Се направи анализа на земјоделскиот сектор, моменталната состојба, целите кои треба да се постигнат, како и роковите за постигнување на истите.


Мора да водиме сметка за искористувањето на водата и за последиците од климатските промени
Дата на објава: 
21 Јануари 2012
Forum Berlin.jpg

Македонија има и произведува доволно храна, од тој аспект не спаѓа во групата загрозени земји, но мора рационално да ги користи природните ресурси и да води сметка за последиците од климатските промени, изјави министерот Љупчо Димовски по завршувањето на Самитот на министрите за земјоделство во Берлин.

- Поседиците од климатските промени веќе се чувствуваат, но работиме на нивно ублажување. Ги почитуваме сите препораки на Светска банка, домашните и странските експерти. Интензивно разговараме и за заштитата на водата. Во овој сегмент мора да бидеме многу внимателни зашто не можеме да се пофалиме дека сме богати со природни водни ресурси. Сепак, ако домаќински, ефикасно ги експлоатираме, можеме да обезбедиме квалитетно наводнување за земјоделските површини, истакна Димовски.


Министерот Димовски порача од Берлин:Европа да ја искористи можноста за соработка и инвестиции во земјите од регионот
Дата на објава: 
19 Јануари 2012
Berlin.jpg

,,Регионот е гладен за инвестиции кои ќе го модернизираат земјоделското производство. Нашите земји ја разбираат важноста и даваат приоритет на ЕУ интеграцијата. Од тие причини, ја интензивиравме соработката со цел да се придвижиме напред согласно европската агенда,, - рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски во денешното обраќање на Глобалниот форум за храна и земјоделство во Берлин.

Отворајќи ја панел-дискусијата „Обезбедување храна преку одржлив раст – земјоделско производство во услови на ограничени ресурси“, Димовски, во својство на претседавач со Постојната работна група за регионален рурален развој, се осврна на пристапувањето на земјите од Југоисточна Европа (ЈИЕ) во Европската унија, улогата и потенцијалот на аграрот во нивните економии, инвестициите и зајакнувањето на партнерствата.

Европа да ја искористи можноста за соработка и инвестиции во регионот на ЈИЕ, беше неговата клучна пораката.


Доделени договорите за концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов
Дата на објава: 
13 Јануари 2012
image1.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски денеска ги додели договорите за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов за 20 риболовни ревири, врз основа на спроведена  постапка на јавен конкурс.

Согласно Законот за рибарство и аквакултура рибите од риболовните ревири и рекреативните зони се даваат на концесија за период од 6 години. Висината на надоместот за нивното користење изнесува 10% од вредноста на издадените дозволи за рекреативен риболов на годишно ниво. Начинот и динамиката на плаќање на надоместот за концесијaта се утврдени во законот.

Со денешното потпишување на договорите се уредува организирањето на рекреативниот риболов на дел од риболовните ревири во Р.Македонија:


Syndicate content