Субвенциите за 2012 годинава поголеми за 12 проценти, во фокусот на поддршката сточарството и градинарството
Дата на објава: 
14 Февруари 2012
Vlada subvencii.jpg

Владата ја донесе годинашната Програма за финансиска поддршка на земјоделството вредна 6,23 милјарди денари или 113 милиони евра. Како што соопшти денеска на прес-конференција вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, направени се измени во дизајнирањето на субвенциите кои се поголеми од лани за 12 отсто, при што поголем акцент е ставен на сточарството и градинарството.

Програмата содржи вкупно 37 мерки, но секаде се следи стратегискиот правец, да им се посочи на земјоделците кон кои култури повеќе да се фокусираат. Од проектираните средства, 3,49 милијарди денари се за растително производство, 2,3 милијарди се наменети за сточарството, а 130 милиони денари се за органско производство.


Јавен оглас бр. 01/12
Дата на објава: 
11 Февруари 2012

Ј а в е н О Г Л А С    бр. 01/12

за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост

 

I.  ПРЕДМЕТ НА јавниот ОГЛАС

Се дава во закуп земјоделско земјиште во сопственост на државата во регионот Гевгелија

Додаток за превземање: 

Почнаа подготовките за пролетната акција за пошумување
Дата на објава: 
9 Февруари 2012
P2090072.JPG

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска го одржа годинашниот прв подготвителен координативен состанок за реализација на пролетната акцијата за пошумување. На состанокот кој го водеше заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски, присуствуваа и претставници од граѓанското здружение ,,Ден на дрвото,, јавното претпријатие ,,Македонски шуми,, претставници од Заедниците на единиците на локалната самоуправа – ЗЕЛС и од секторот за шумарство и ловство при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

 

Заменик министерот Коњановски на состанокот истакна дека во насока на успешна реализација и на престојната акција, ќе продолжи координаирањето на активностите на сите субјекти кои беа вклучени во акциите за пошумување во минатите години.


Откупот на тутунот во Македонија годинава далеку подобар од останатите земји
Дата на објава: 
4 Февруари 2012
Konjanovsji-tutun.jpg

Откупот на тутунот годинава кај нас е далеку подобар во однос на останатите земји од соседството и еден месец пред крајниот законски рок веќе се откупени 80  проценти од годинашнава реколта.  Министерството за земјоделство и годинава ќе го субвенционира секој откупен килограм тутун со 60 денари, а согласно Законот исплатата на субвенциите ќе заврши заклучно со јуни.

 

Ова го изјави  заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски при посетата на општините Василево и Босилово.

 

Според Коњановски, откупот на тутунот се одвива во најдобар  ред и за разлика од минатата година, како што рече, тутунопроизводителите се задоволни од постигната просечна откупна цена на ниво на држава од 162 денари за килограм. Ова значи  повисоки цени од 25 до 30 отсто во однос на ланските, укажа Коњановски.

 


Потпишани спогодби за соработка помеѓу Р.Македонија и Р.Србија
Дата на објава: 
3 Февруари 2012
dimovski_belgrad.JPG

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, и неговиот српски колега Министерот за земјоделство, трговија шумарство и водостопанство, Душан Петровиќ заедно со Директорот на Агенцијата за храна и ветерина Дејан Рунтевски денес во Земјоделската комора на Србија потпишаа договор за фитосанитарна соработка и договор за соработка во областа на безбедноста на храна и ветерината.

 

Договорите се потпишуваат со цел да се обезбеди непречен промет на растенија, растителни производи и производи од животинско потекло.

Фитосанитарната соработка ја потпишаа министерот Љупчо Димовски и неговиот српски колега министерот за земјоделство на Р. Србија Душан Петровиќ, а соработката во областа на ветерината и безбедноста на храната ја потпишаа министерот Петровиќ и директорот на Агенцијата за храна и ветерина Дејан Рунтевски.

 


Syndicate content