Презентирани македонските потенцијали во производството на храна и пијалоци во руската Трговско-индустриска комора
Дата на објава:
16 Февруари 2012Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска во Русија се сретна со заменик претседателот на Трговско-индустриската комора на Руската Федерација, Георги Георгевич Петров. На средбата која беше организирана во соработка со македонско - руската комора присуствуваше и директорот на комората, Дејан Бешлиев.
Министерот Димовски ги презентираше македонските потенцијали во производството на храна и пијалоци со акцент на производството и пласманот на вино и вино-материјал.На состанокот се потврди зголемувањето на размената Русија-Македонија за 80 проценти во однос на 2010.
Заменик претседателот на Трговско-индустриската комора Георги Георгевич Петров со оптимизам гледа на идната соработка и стои на располагање за каква било идна соработка во сите области, мегу кои и земјоделството.
Тој побара да им доставиме подетални информации за условите за инвестирање во земјоделството, затоа што информациите што ги даде министерот Димовски го привлекоа нивниот интерес.