Се одржува вториот состанок на раководителите на телата за управување со ИПАРД од Југоисточна Европа
Дата на објава: 
28 Февруари 2012

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство  денес и утре ќе биде домаќин на вториот состанок на раководителите на телата за управување со Инструментот за претпристапна помош за рурален развој (ИПАРД) од земјите на Југоисточна Европа.

Покрај од надлежните министерства од земјата домаќин, од Босна и Херцеговина, Република Српска, Хрватска, Црна Гора, Србија и од Косово, на состанокот ќе учествуваат и претставници од Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој задолжен за ИПАРД во Брисел, како и висок претставник на Европската комисија, соопшти денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

На состанокот ќе бидат разменети искуства  од процесот на акредитација и преносот на правото за управување со ИПАРД фондовите од Европската Комисија на надлежните институции, во земјите кандидати и  потенцијални кандидати за членство во ЕУ.


Коњановски ги повика земјоделците електронски да ги евидентираат земјоделските парцели во ПЕ на МЗШВ
Дата на објава: 
25 Февруари 2012
Konjanovski Probishtip.jpg

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски денеска во Пробиштип на средби со вработените во Подрачната единица на ресорното Министерството и индивидуалните земјоделски производители, сопственици на сточарски фарми, одлеглувачи на пчелни семејство и производители на земјоделски производи. Разговараше за исплатата на субвенциите и за подготвеноста  на вработените за прием на документи и апликации од страна на земјоделците по програмите за субвенционирање на ресорното Министерството и Владата на Република Македонија

 


Од годинава се зголемуваат субвенциите за сточарите
Дата на објава: 
23 Февруари 2012
MIK.jpg

Од годинава се зголемуваат субвенциите за сточарите со цел да се намали увозот, посебно на јунешкото месо, за кое досега Македонија беше увозно зависна, истакна заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски по денешната посета на фабриката за преработка на месо и месни производи „МИК“ од Свети Николе.

 

- За секое заклано теле во кланичен капацитет, сопствениците ќе добијат по 2.000 денари, доколку е старо меѓу осум и 18 месеци и дополнителни 1.500 денари за сочувано женско грло и придадено на основното стадо. По 1.500 денари субвенции ќе има и за секое сочувано женско јагне или јаре, а производителите на сточна храна ќе добијат по 1.000 денари од хектар, рече Коњановски.

 

Тој истакна дека идејата за средби со менаџерски тимови од месните индустрии дошло по претходните со сточарите.

 


Известување
Дата на објава: 
22 Февруари 2012

По повод реакциите за неисплатени субвенции во регионот на селата Брест и Танушевци, ја известуваме јавноста за следното:

Финансиската поддршка во земјоделството - субвенциите се одобруваат и исплаќаат врз основа на услови и критериуми утврдени во програмите, а во согласност со закон.

По поднесените барања за субвенции во 2010 година утврдено е забележително зголемување на пријавениот број на говеда, овци, кози и пчелни семејства во реонот на подрачната единица на МЗШВ Чаир, а пред се од страна на барателите на финансиска поддршка од селата Брест и Танушевци. Поточно, за овие две села се пријавија неверојатни 13.000 грла говеда, 21.000 грла овци, 560 грла кози како и 21.000 пчелни семејства. Воедно, во делот на говедарството беа пријавени раси на говеда за кои нема услови за одгледување на надморската височина и климатски услови присутни во овој реон.


Продолжува поддршката на проектите за агроенергија
Дата на објава: 
22 Февруари 2012
agroenergija.JPG

Денес, во рамките на проектот за агроенергија, беше одржан состанок на Насочувачкиот комитет за агроенергија, со кој претседаваше заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски. На состанокот беше разгледана реализацијата на досегашните фази од проектот при што беа разгледувани идните планови и идните чекори од реализација на проектот.


Syndicate content