|
Новости
Во црниот дроб на дивечот утврдени големи концентрации на кадмиум, олово и жива
Дата на објава: 16 Март 2018Да не се јаде црниот дроб од дивечот зашто може да содржи поголема количина тешки метали од дозволената, апелира денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов. На прес-конференција Атанасов информира и дека две ловни друштва пријавиле појава на трихинелоза кај дивечот, а се следат и бруцелозата, птичјиот гирп, африканската и класичната свинска чума, како и беснилото кај лисиците. Веќе се дадени препораки, како да се постапува во случаите со трихинелоза.
– Во црниот дроб на дивечот, посебно кај дивата свиња, дивите птици и зајакот, утврдени се поголеми количини олово, кадмиум и жива поради што се препорачува овој орган да не се консумира. Особено ова важи за ловџиите кај кои, традиционално, по ловот, најпрво се јаде црниот дроб како вид гоштевање, нивно и на семејството - истакна Атанасов.
Најголеми отстапувања во присуството на тешки метали во црниот дроб има кај дивечот во реоните на Гевгелија, Велес, Куманово, Прилеп и Струга, додека само лани, во четири случаи се утврдени повеќе тешки метали и во мускулното ткиво.
Прва седница на Мешовитиот комитет на Македонија и Србија
Дата на објава: 15 Март 2018Во Белград денеска ќе се одржи првата седница на Мешовитиот комитет на Македонија и Србија чија цел е надминување на бариерите и сите отворени прашања за полесен проток на стоки и унапредување на размената.
Комитетот се формира по иницијативата што произлезе од средбата на министрите Љупчо Николовск и Расим Љајиќ во Скопје, на 7 март, кога беше постигнат договор за увозот на српското брашно во земјава.
Македонската делегација во Комитетот ќе ја претставуваат седум членови, претставници од Министерството за земјоделство, Царинската управа, Државниот инспекторат за земјодлство, Агенцијата за храна и ветеринарство, како и стопанственици.
Ќе се подобрува системот за сметководствени податоци на земјоделските стопанства
Дата на објава: 14 Март 2018Прецизни податоци за рентабилноста на фармите, производствените трошоци и остварените приходи, треба да овозможи проектот за „Финализирање на мрежата на сметководствени податоци од земјоделски стопанства (ФАДН)“.Проектот за надградба на ФАДН, денеска го презентираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со раководителот на Секторот за соработка во Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Никола Бертолини, амбасадорот на Р. Италија, Карло Ромео, Амбасадор и амбасадорот на Р. Полска Јацек Мултановски.
Проектот е во вредност од 800.000 евра и е финансиран од Инструментот за претпристапната помош, ИПА, на Европската унија.
ФАДН е мрежа на сметководствени податоци од земјоделските стопанства која со новиот проект во претстојните 18 месеци ќе се унапреди според новата регулатива на ЕУ. Практично ќе се подобри, како што беше речено на презентацијата, користењето на ФАДН податоците за потребите на националната земјоделска политика.
Николовски:Отворање на нови откупни центри и сигурен пласман за земјоделските производи, се дел од приоритетите на МЗШВ
Дата на објава: 9 Март 2018Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски и со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Јане Станкоски, денеска во Струмица присуствуваа на трибина за моменталната состојба со градинарското производство и откупот на земјоделски производи. На трибината присуствува земјоделци и откупувачи на земјоделски производи од струмичкиот регион.
На трибината беа презентирани политиките на Владата на Република Македонија за развој на земјоделството, како и мерките за поддршка на градинарското производство.
Министерот Николовски посочи дека во следниот период интензивно се работи на отворање на нов откупно-дистрибутивен центар во Струмица и наоѓање нови пазари за пласман на земјоделските и градинарските производи.
Македонски земјоделско-прехранбени производи за прв пат промовирани на саемот „FOODEX“, во Токио, Јапонија
Дата на објава: 9 Март 2018
Единаесет македонски компании за прв пат ги претставија своите земјоделско-прехранбени производи на саемот „FOODEX“, што деновиве се одржува во Токио, Јапонија.
Со цел зголемено присуство на Република Македонија во Јапонија и поширокиот Азиски пазар, како и за проширувањето на деловните можностина производителите од Република Македонија кои што веќе извезуваат на овие пазари, во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, за прв пат оваа година, македонски компании компании од Република Македонија учествуваат на оваа реномирана саемска манифестација.
На штандот кој го финансира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, своите производи ги претствија 6 македонски винарски визби како и 5 преработувачи на земјоделски производи.
|
|
|