Интензивирање на активностите за окрупнување на земјоделското земјиште во Македонија
Дата на објава: 
1 Март 2012
strategija za okrupnuvanje.jpg

Се интензивираат активностите за окрупнување на земјоделското земјиште во Македонија. По донесените законски измени, изготвена е и Националната стратегија 2012 - 2020 што ги дефинира мерките според кои ќе се одвива овој сложен, долгорочен процес. Целта е зголемување на обработливите површини барем приближно до просечните во ЕУ од најмалку шест хектари. 

Како што нагласи министерот Љупчо Димовски на денешната јавна расправа за Стратегијата, консолидацијата на земјиштето е директно поврзана со конкурентноста на земјоделството. Подразбира поекономична обработка, пониски производни трошоци, поголем квалитет, подобри цени и полесен пласман.  

- Окрупнувањето на земјиштето не е едноставен, краток процес. Бара големи заложби особено ако се земат предвид менталитетот на нашите земјоделци и условите во кои се наоѓаат парцелите, но предизвикот е голем. За да го достигнеме европскиот просек ќе ни треба сериозно многу време и соработка со производителите, истакна Димовски.


Министерот Димовски на вториот состанок на Раководителите на Телата за управување со ИПАРД од земјите на ЈЕ
Дата на објава: 
29 Февруари 2012
SWG minister.JPG

На денешниот состанок во Скопје, Македонија, како годинашен претседавач со Постојаната работна група за регионален рурален развој (SWG), ги сумира предлозите од државите во ЈИЕ за што поефикасно и поголемо искористување на претпристапните ЕУ фондови. Во форма на заклучоци тие потоа ќе бидат доставени на разгледување во Брисел.

Една од сугестиите ќе биде да се прошири листата мерки во ИПАРД Програмата кои засега се вкупно девет и уште на почеток, мерката техничка помош да се акредитира меѓу првите за да се избегнат проблемите во спроведувањето на ИПАРД кои секако постојат.

- Искуството покажа дека Европската комисија сака да го слушне регионот, да ги слушне проблемите, успесите и сугестиите за подобрување на регулативите за подобро искористување на средствата од земјите аспиранти за влез во Унијата, посочи министерот Димовски.

Македонија од септември најверојатно ќе може да користи средства од ИПАРД фондовите и за набавка на земјоделска механизација. Сигналите од Брисел на ова наше барање се позитивни.


Македонските винарници здружени ќе освојуваат нови пазари
Дата на објава: 
28 Февруари 2012
strategija za mak vino 2.jpg

Заеднички настап на македонските винарници за освојување нови пазари со цел успешен пласман на македонските вина, е клучниот заклучок од денеска презентираната Стратегија за винскиот сектор, како маркетинг план за извоз на вино од Македонија. Анализите покажуваат дека најголем потенцијал за успешен пласман на македонските вина има на пазарите во Холандија, Словенија, Швајцарија  и Полска. Тие пазари се покажале како најпотенцијални врз основа на параметрите големина на пазарот, потрошувачка на вино по глава на жител, очекуван раст, можни бариери и можна пенетрација на пазарот, достапност, приемливост за нови вина и можни закани за македонското вино.

 


Почнува изградбата на откупно - дистрибутивен пункт за земјоделски производи во Богданци
Дата на објава: 
28 Февруари 2012
Bogdanci.jpg

Заменик министерот за земјоделство Зоран Коњановски, германскиот инвеститор Томас Шварц и градоначалникот на општина Богданци Ристо Ичков денеска, во присуство на голем број граѓани и претставници на бизнис заедницата, поставија камен темелник на нов откупно-дистрибутивен пункт.

 

Ова прво странско вложување во Богданци по 22 години, ќе претставува комплекс со површина од над 4.000 метри квадратни, а ќе содржи современ ладилник, магацински простор, товарна рампа и административни простории.

 

- Задоволство ми е што како сопственик на фирмите „Шварц“ од Германија, на фирмата „Салата Фармс“ од Дубаи и фирмата „Таурус Шварц“ од Германија можам да инвестирам во изградбата на нов откупно-дистрибутивен и преработувачки пункт во Богданци, истакна Шварц.

 


Коњановски на состанок со преработувачите на овошје и зеленчук во Гевгелија
Дата на објава: 
28 Февруари 2012

Земјоделството за нас е еден од врвните приоритети и тоа јасно го покажавме на дело со конкретни мерки, проекти и чекори. Секоја година ја зголемуваме поддршката. Во 2005 за оваа намена се одделуваа седум милиони евра, а оваа година субвенциите достигнаа 130 милиони евра. Ќе продолжиме онака како што ветивме, рече заменикот министерот за земјоделство, шумарство и водостопаснтво Зоран Коњановски на денешниот состанок на Македонската асоцијација на преработувачи на овошје и зеленчук (МААП) во Гевгелија.

 

Тој ја потенцираше заложбата на Владата секогаш да излезе во пресрет на рационалните барања на преработувачите во однос на субвенционирањето на примарното производство кое се предава во погоните. Соработката со МААП, рече, пред три години резултураше со определени износи за субвенционирање на одделни култури, а годинава поддршката е дефинирана по однос на културите и нивното учество во создавањето на производите како конечен извозен производ.

 


Syndicate content