Објавен оглас за распределба на 44 хектaри државно земјоделско земјиште во Битолско
Дата на објава:
6 Март 2012Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, денеска објави јавен оглас за распределба на приближно 44 хектари државно земјоделско земјиште во Битолско. Заинтересираните субјекти, увид во податоците за огласеното земјиште може да извршат на огласна табла во подрачната единица во Министерството за земјоделство во Битола.
За подигање на маслинарници, времетраењето на закупот е за период до 50 години, за подигање на долгогодишни насад (лозја, овоштарници и хмељ) како и за оранжерии закупот е до 30 години, колку што изнесува и времетраењето на закупот за издавење на државното земјоделско земјиште за вршење на спортско-рекреативни активности и рурален туризам. До 20 години под закуп ќе се издава земјиштето за рибници, а за одгледување на други земјоделски култури и за ливади, закупот е до 15 години.