ИЗВЕСТУВАЊЕ
Дата на објава: 
2 Април 2012

ИЗВЕСТУВАЊЕ

 

за поднесување барање за посетување на прва почетна обука за проценувачи за процена на вредноста на средствата во земјоделството

 

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат условите за посетување на прва почетна обука за овластен проценувач, да поднесат барање за посетување на прва почетна обука за проценувачи на вредноста на средствата во земјоделството.

Додаток за превземање: 

Организирана обука за новинари на тема „Принципи и правила за спроведување на ИПАРД фондови“
Дата на објава: 
1 Април 2012
DSC_0267.JPG

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со Центарот за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој  (CeProSARD), во изминатите два дена во Битола организираше обука за медиуми на тема „Принципи и правила за спроведување на ИПАРД фондови“.

 

Првиот дел на обуката содржеше посета на реализирани  Ипард инвестиции, при што се посетија Фрутема ДООЕЛ  и Млекара Штип ДОО.

Фрутема ДООЕЛ е лоцирана во с. Сопот, локација Попаша и Свети Јован, Кавадарци. Се занимава со производство на трпезно грозје, кајсии, сливи и цреши и нивна продажба на домашниот и странскиот пазар. Со средства од ИПАРД Програмата корисникот набави систем за наводнување капка по капка и приклучна механизација за внатрередова обработка.

 


Димовски присуствуваше на уништување на запленети мрежи во Охридското Езеро
Дата на објава: 
31 Март 2012

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димоски денеска го посети Хидробиолошкиот институт во Охрид, каде присуствуваше на уништувањето на дел од мрежите и опремата за криволов, запленети од рибочуварските служби на Охридското Езеро.

- Станува збор за 1.303 парчиња мрежи, со вкупна должина од 52 километри. Тоа се мрежи на луѓе кои не го сакаат езерото и вршат криволов покрај сите напори што Министерството за земјоделство заедно со Хидробиолошкиот институт ги вложува за негово порибување и заштита, рече Димовски. 

Тој нагласи дека како и досега така и во иднина нема да се толерираат таквите противзаконски активности, односно дека Министерството ќе ги преземе сите законски средства во негова ингеренција за целосно спроведување на одредбите пропишани со Законот за рибарство и аквакултура. 


Електронски софтвер ќе ги открива двојните договори за откуп на тутун
Дата на објава: 
30 Март 2012
tutun.JPG

,,Министреството за земјоделство,шумарство и водостиопанство, наскоро ќе инсталира специјален електронски софтвер кој ќе ги открива производителите на тутун кои за реколтата 2012 година склучиле двојни и тројни договори со откупните компании. Согласно  законските одредби, за нив ќе следува соодветна казна. Владата на Република Македонија во изминативе години, преку субвенции, од буџетот извои значителна сума пари за поддршка на производството на тутун и затоа ќе вложиме максимални напори за годинашниот откуп да се почитува Законот за тутун и Правилникот за откуп и од страна на производителите и од страна на откупувачите.,, Ова  го соопшти министресот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски на денешниот работен состанок со откупувачите на тутун на кој се разговараше за неодамнешните предлози на тутунопроизводителите за зголемување на откупните цени и за подготовките за новата производствена сезона.

 


Потпишан протокол за извоз на македонски тутун на кинескиот пазар
Дата на објава: 
29 Март 2012
Kina.JPG

Со цел продлабочување на трговската соработка и унапредување на извозот на македонските земјоделско-прехранбени производи, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство г. Љупчо Димовски,  со неговиот колега министерот за земјоделство на Народна Република Кина г. Хан Чангфу денес  потпишаа Меморандум за разбирање за понатамошна соработка во земјоделството.

Со потпишувањето на овој меморандум ќе се воспостават работни механизми за земјоделска соработка, ќе се зајакне соработката на полето на истражувањето во земјоделството како и размената на земјоделски технологии. Воедно со овој меморандум ќе се овозможат нови инвестиции како и економска и трговска размена помеѓу земјоделските претпријатија на двете земји.


Syndicate content