Дата на објава:
17 Април 2012Управата за хидрометеоролошки работи – (УХРМ), од 15-ти април почна со спроведување на активности за заштита од град на обработливите површини со противградобијни ракети. Според утврдената динамика, оваа активност УХМР ќе ја спроведува до 15-ти октомври годинава.
Противградобијната ракета спаѓа во групата експлозивни материјали кои по дејствување на градоносните облаци имаат систем на самоуништување, се распаѓаат на повеќе делови со помали димензии. Заради опасноста во некои од нив да изостане или да не биде целосен процесот на самоуништување, можно е во текот на целата година цели ракети или поголеми парчиња да се најдат на земјата. Доколку со ракетите ракуваат нестручни лица тие се потенцијална опасност.
УХМР ги предупредува граѓаните кои ќе дојдат во контакт, пронајдат или забележат такви средства и предмети, да не ги допираат и веднаш да ја известат најблиската станица на МВР, Регионалниот центар за управување со кризи или Радарскиот центар најблиску до нив.