Продолжуваме со засилена поддршка на земјоделците во насока на подобрување на нивната конкурентност и положба на пазарот
Дата на објава: 
10 Мај 2012
P5100021.JPG

„Подигнувањето на конкурентноста на малите земјоделски стопанства е прашање од особен интерес за развојот на земјоделството и руралните средини во Република Македонија“ рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски на денешното обраќање на Меѓународниот политички форум на министри за земјоделство во Каунас, Литванија.


Промовирани 15 нови преводи на капитални научни наслови од областа на земјоделството и ветерината
Дата на објава: 
10 Мај 2012
1.jpg

Петнаесет нови капитални научни наслови од областа на земјоделството и ветеринарната медицина се промовирани денеска во читалната „1000 книги“. Станува збор за дел од владиниот проект „Превод на 1000 стручни и научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија“.

Со овие 15 книги, досегашниот број преведени, отпечатени и дистрибуирани дела во рамки на проектот изнесува 616.

- Оваа литература претставува најсилно оружје со кое идните генерации ќе се борат за подобро земјоделство, подобро лозарство, градинарство, пчеларство, производство на органска храна, поголемо и добро производство, пакување и пласман на земјоделските производи и многу други сегменти кои се од значење за аграрот, рече премиерот Никола Груевски на промоцијата.

Тој апелира младите луѓе да ги искористат овие учебници на најдобар можен начин не само за лична надградба, туку и како основна литература која ќе даде дополнителен импулс во македонската научна сфера.


Потпишан протокол за соработка во земјоделскиот сектор помеѓу Македонија и Литванија
Дата на објава: 
9 Мај 2012
JPG

Министерот за земјоделство Љупчо Димовски и неговиот колега министерот за земјоделство на Република Литванија, Kазимиерас Старкевичиус, вечерва за време на посетата на министерот Димовски на Литванија потпишаа протокол за соработка.

Протоколот за соработка во земјоделскиот сектор помеѓу министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија и министерството за земјоделство на Република Литванија е основа за унапредување и проширување на билатералната соработка помеѓу двете земји.


Заменик-министерот за земјоделство Коњановски вети помош за земјоделците од Лозово
Дата на објава: 
9 Мај 2012

Заменик-министерот за земјоделство Зоран Коњановски говорејќи на синоќешната трибина на Владата во Лозово вети дека Владата ќе направи се да се реши проблемот со Комбинатот „Џумајлија‘‘, како и дека и натаму ќе им помага на земјоделците полесно да ја остваруват својата дејност.

- Ние во изминатите десетина дена се заложивме и во Комбинатот „Џумајлија‘‘ се воведе стечајна постапка, со цел преку институциите на системот да се заштити имотот. Тоа беше и единственото барање на дел од вработените кои неколкупати доаѓаа во Министерството. Таму поставивме и стечајна  управничка. Она што е најважно е дека донесовме времена мерка забрана за располагање со имотот од страна на сопствениците на „Џумајлија“ и забрана за правосилна наплата со извршители, рече на трибината Коњановски.

Според него, стечајниот управник потврдил дека ќе бара ревизија на сите досега извршени трансакции  преку извршителите.


Агроеколошките мерки нов предизвик за македонското земјоделство
Дата на објава: 
8 Мај 2012
agroekoloski merki.JPG

Нов тип  финансиска поддршка за земјоделците кои при производството особено водат сметка за заштита на животната средина, почвата, автохтоните раси, растителните видови, пасиштата, наводнувањето и употребата на ѓубре, подготвува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Стануза збор за таканаречените  агроеколошки мерки кои Македонија допрва ќе ги акредитира како дел од ИПАРД програмата. Потребната документација е веќе заокружена, останува повисоките стандарди да се спроведат конкретно, директно на терен.

- Со еколошкиот начин на земјоделско производство ќе се заштити животната средина, ќе се зачувуваат природните ресурси, водата, почвата и генетската диверзификација, а на граѓаните ќе им се понуди здрава и еколошка храна, рече министерот Димовски на денешната конференција „Агроеколошки мерки - можности и предизвици на земјите-членки и земјите-кандидати на ЕУ“.


Syndicate content