Министерот Димовски го посети современиот Центар за производство на семенски и саден материјал во Израел
Дата на објава: 
16 Мај 2012
 2.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, денеска, во рамки на работната посета на Израел, со претставници од Министерството за земјододелство, шумарство и водостопанство го посети целосно компјутеризираниот Центар за производство на семе и саден материјал, сопственост на Исак Либтех. Тој во нашата земја, во Свети Николе, инвестира во изградба на ист современ центар за производство на сертифициран семенски и саден материјал, кој треба да функционира по теркот на неколкуте кои работат во Израел и каде со наjсовремена технологија се произведуваат хибриди од садници и семенски материјал со висок генетски потенцијал.

 

Министерот Димовски изрази воодушевување од функционирањето на Центарот и од можноста која им се нуди на земјоделците од Израел во делот на квалитативното зголемување на производството преку употреба на семенски и саден материјал кој одговара на климатските и почвените услови во регионите каде тие произведуваат.

 


Средба на министерот за земјоделство Димовски со министерот за енергија и водни ресурси на Израел
Дата на објава: 
16 Мај 2012
2.JPG

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски во рамки на работната посета на Израел се сретна со министерот за енергија и водни ресурси, д-р Узи Ландау.

На средбата се разговараше за соработката мегу Р. Македонија и Израел во областа на рационално искористување на водите, со оглед на тоа што во Р.Македонија има вода но треба да се научи како штедливо и мудро да ја користи. Поради климатските промени некои региони во Македонија сериозно се погодени и се јавува недостиг на вода во летните сезони. Поради тоа Македонија треба да научи од Изреал како да ја штеди водата. Во овие региони на пролет има силни  и обилни дождови и водата од овие дождови треба да се сочува и користи во сушните периоди.


Македонското земјоделство останува на определбата за продукција на здрави, еколошки производи
Дата на објава: 
15 Мај 2012
 органско.jpg

Македонија ќе продолжи максимално да ги искористува компаративните предности за органско производство, правната рамка во овој дел е веќе поставена, а финансиската поддршка постојано се зголемува. Се што беше сработено во оваа насока од 2007 година се трансформира во огромен резултат, рече денеска заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски.

Отворајќи ја конференцијата за органско производство на Институционалната мрежа на министерствата за земјоделство од медитеранските земји (МОАН), Коњановски напомена дека Македонија и натаму е лидер по органско производство во регионот. Доделувањето дополнителни 30 отсто субвенции директно влијаеше за позиционирање на државата на картата земји кои сериозно го поддржуваат и се повеќе го развиваат концептот на органско земјоделство.


Потпишан Аранжман за соработка во земјоделскиот сектор помеѓу Македонија и Израел
Дата на објава: 
14 Мај 2012
JPG

Министерот за земјоделство Љупчо Димовски и неговата колешка министерката за земјоделство на Државата Израел, Орит Нокид, денес во вечерните часови за време на првиот ден од посетата на министерот Димовски на Израел потпишаа Аранжман за соработка.

 

Со Аранжманот за соработка во областа на земјоделството помеѓу Република Македонија и Државата Израел се формализира соработката помеѓу двете земји, која во последните години се интензивира и тоа со реализација на проекти и програми за техничка поддршка, пренос на современа израелска технологија, знаење, искуства, како и преку специјализирани обуки и други форми на поддршка од израелска страна.

 


Риболовна основа за акумулација ,,Тиквеш,,
Дата на објава: 
11 Мај 2012

Риболовната основа за акумулацијата Тиквешко Езеро беше донесена на 09.03.2010 година. Изготвувачот на основата -овластената установа од областа на рибарството ЈНУ Хидробиолоски Завод од Охрид, со нацрт тектот на основата ја запозна јавноста пред нејзиното донесување.

Одделни забелешки од заинтересираните субјекти беа прифатени од изготвувачот и вградени во текстот пред донесување на основата. Во Законот за изменување и дополнување на Законот за рибарство и аквакултура кој се усвои и објави во мај 2010 година, се направи дополна во членот 16 со кој се дефинира риболовните основи да се објавуваат во Службен весник на Република Македонија. Во истиот член е дадена можноста риболовните основи да можат да се ревидираат доколку настанат одредени промени кои може да влијаат на рибите од риболовните води.

 


Syndicate content