Дата на објава:
16 Август 2013Во рамки на подготвителните активности за претстојната откупна сезона на винското грозје, денес, во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се одржа работен состанок со претставницитe на здруженијата на лозаропроизводителите од Република Македонија.
На средбата беа опфатени повеќе теми поврзани со позитивните ефекти од досегашното субвенционирање за производството на грозје, моменталната состојба на насадите, очекуваниот род од годинешната берба, квалитетот на винското грозје, состојбите со бербата на трпезното грозје, информации за квалитетот на грозјето и содржината на шеќерни единици, како и темите поврзани со отпочнување на бербата на винското грозје и организираноста во пресрет на отпочнување на откупната сезона.