Новости

МЗШВ: Континуирано се следи состојбата со ниските температури и нивното влијание врз земјоделските култури
Дата на објава: 
23 Март 2018
lozje_sneg.gif

Министерството за земјоделство, шумарство и водостoпанство континуирано ја следи состојбата со врнежите од снег и ниските температури, како и нивното влијание врз земјоделските култури.Воедно, во соработка со Управата за хидрометеоролошки работи, се следи и  метеоролошката прогноза, со цел  навремено да се информираат земјоделците и да се подготват за преземање на  превентивни мерки.

 

Според прогнозите на Управата за хидреометеролошки работи, снежниот бран ги затекна овошките во фаза на полно цветање каде нивната издржливост кон ниски минимални температури е околу -2 до -3 степени. Бидејќи остварените температури беа во тие граници, не се очекуваат значителни оштетувања на родот.

 


Започнува реализацијата на проектот за развој на земјоделски задруги
Дата на објава: 
22 Март 2018
zadrugi6.jpg

Од денеска започнува имплементацијата на проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги во Македонија“.Проектот е финансиран од Инструментот за претпристапната помош -ИПА на Европската унија.  Проектот финансиран од Националната програма ИПА за 2015 година се спроведува во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија,  а партнери кои го спроведуваат проектот се CARE Германија / Луксембург и Македонската развојна фондација за претпријатија.  Проектот со вредност од 1,98 милиони евра започна во декември 2017 година и ќе трае до февруари 2021 година.


Заврши откупот на тутунот од реколтата 2017, постигната највисока просечна откупна цена од 217,60 денари
Дата на објава: 
21 Март 2018
tutun22.png

Во рамки на предвидениот законски рок, заврши откупот на тутун од реколтата 2017-та. Откупот започна на 15 ноември во 2017 година, а заврши на 15 март 2018 година. Од регистрираните 9 откупни компании, на терен откуп вршеа 8 претпријатија. На еден правен субјект не му се дозволи вршење на откуп на тутун поради необезбедени финансиски средства за исплата на целокупната договорена и откупена количина на тутун од тековната реколта.

 

Од страна на откупните тутунски претпријатија по општини и населени места пријавени се вкупно 146 откупни пунктови и тоа за редовен откуп на суров тутун во лист од реколта 2017 година. При тоа  откупени се вкупно 23.559.122 килограми тутун, со просечна откупна цена од 217,60 денари за килограм. Откупениот тутун е во целост исплатен.

 

Од откупениот тутун, од типот Јака се откупени 2.447.601 килограми, со просечна откупна цена од 212,93 денари за килограм, а од типот Прилеп се откупени 21.111.455 килограми со просечна откупна цена од 218,14 денари за килограм.

 


По 70 години реновирана метеоролошката станица во Крива Паланка
Дата на објава: 
17 Март 2018
40618413-cb6c-4970-9801-17e712f2658f.jpg

По цели 70 години се реновираше главната метеоролошката станица во Крива Паланка, која е дел од мрежата на станици на мeтеоролошкиот набљудувачки систем во Република Македонија.

Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство преку Управата за хидрометеоролошки работи, отсега навремено ќе добива податоци за временските услови, климата и нејзините промени од кои во голема мера зависи земјоделското производство.

На барање на Управата за хидрометеоролошки работи, Владата на Република Македонија, донесе одлука за обезбедување на 2 милиони денари од буџетот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, за реновирање на станиците во Крива Паланка, Штип и во Демир Капија, и 3 милиони денари за поправка на радарскиот систем во Ѓуриште.


Николовски на трибина со земјоделците: Нови стратегии за поголем број на земјоделски осигуреници
Дата на објава: 
18 Март 2018
DSC_2658 (1).JPG

Државата и натаму ќе финансира 60% од премијата за осигурување на земјоделските поседи, но потребно е да се подигне свеста за потребите и придобивките од осигурувањето кај земјоделците.   Ова денеска го порача министерот Љупчо Николовски на трибината со земјоделците и осигурителните компании.

На средбата се дискутираше како да се зголеми бројот на осигурени земјоделци и да се искористат што повеќе мерките на Министерството за земјоделство. И покрај мерката со која државата покрива 60% од премијата за осигурување, во последните години се бележи пад на бројот на осигурени земјоделци. Овие податоци беа доволни да се вклучи алармот и побараат решенија за зголемување на бројот на осигуреници.


Syndicate content