Министерството континуирано го следи откупот на зелката и цената
Дата на објава: 
27 Март 2018
IMG_2353.jpg

Континуирано следење на состојбата со откупот и цените на пролетната зелка, како и на цените на овој производ  на странските пазари, создавање на цврсто договорно производство – ова беа дел од заклучоците на денешниот состанок во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со производителите на зелка.

 

На состанокот присуствуваа дел од поголемите производители на зелка, претставници од МЗШВ и од Владата на Република Македонија.

 

Производителите на зелка кои вчера излегоа на предупредувачки протест, посочија дека откупната цена на пролетната зелка сега е на задоволително ниво, но стравуваат дека може во следните денови да се намали.

 

Во моментов откупната цена на пролетната зелка е 30 денари за килограм. Земјоделците побараа оваа цена да се задржи во следните две недели, за да можат да ги покријат трошоците и да имаат рентабилно производство.

 

Пролетната зелка во моментов се извезува во Русија, Полска, Романија, Белорусија и Украина. Земјоделците посочија дека има голем интерес за откуп на зелката, и нема да има вишок.


Се реализираат заклучоците од Мешовитиот комитет на Република Македонија и Република Србија
Дата на објава: 
24 Март 2018
DSC_2023.JPG

Граничната фитосанитарна инспекција на Република Србија на преминот Прешево од утре (недела), ќе работи 7 дена во неделата, наместо 6 дена како досега. Оваа одлука на Србија, произлезе од првиот одржан состанок на Мешовитиот комитет на

Република Македонија и Република Србија.

Во согласност со седницата на заедничкиот Комитетет на надлежните институции на Република Македонија и Република Србија, а во насока на отстранување на сите бариери во меѓусебната трговија, надлежните институции од Република Србија го променија работното време на фитосанитарната инспекција на граничниот премин Прешево-Табановце.

На состанокот е договорено да се усогласи работното време на граничните фиросанитарни инспектори на Република Македонија и Република Србија на граничниот премин Прешево-Табановце.


Од денеска започнува аплицирањето за субвенциите за 2018 година, рокот за поднесување апликации е до 15-ти мај
Дата на објава: 
23 Март 2018
Subvencii-02.png

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги  известува земјоделските стопанства дека рокот за поднесување на барања за субвенции за 2018 година е започнат и ќе трае до 15 мај.

 

„Во овој период ќе се поднесуваат барања за директни плаќања за растително производство и тоа за површини со поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади и за сточарско производство и тоа за одгледување на говеда, овци, кози, пчели, свињи, живина и за заклани животни во кланици“, изјави директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски.

 

Барањата се поднесуваат по електронски пат, самостојно од страна на барателите. Доколку барателите имаат потреба за помош при создавање на електронското барање, може да се обратат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.


МЗШВ: Континуирано се следи состојбата со ниските температури и нивното влијание врз земјоделските култури
Дата на објава: 
23 Март 2018
lozje_sneg.gif

Министерството за земјоделство, шумарство и водостoпанство континуирано ја следи состојбата со врнежите од снег и ниските температури, како и нивното влијание врз земјоделските култури.Воедно, во соработка со Управата за хидрометеоролошки работи, се следи и  метеоролошката прогноза, со цел  навремено да се информираат земјоделците и да се подготват за преземање на  превентивни мерки.

 

Според прогнозите на Управата за хидреометеролошки работи, снежниот бран ги затекна овошките во фаза на полно цветање каде нивната издржливост кон ниски минимални температури е околу -2 до -3 степени. Бидејќи остварените температури беа во тие граници, не се очекуваат значителни оштетувања на родот.

 


Започнува реализацијата на проектот за развој на земјоделски задруги
Дата на објава: 
22 Март 2018
zadrugi6.jpg

Од денеска започнува имплементацијата на проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги во Македонија“.Проектот е финансиран од Инструментот за претпристапната помош -ИПА на Европската унија.  Проектот финансиран од Националната програма ИПА за 2015 година се спроведува во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија,  а партнери кои го спроведуваат проектот се CARE Германија / Луксембург и Македонската развојна фондација за претпријатија.  Проектот со вредност од 1,98 милиони евра започна во декември 2017 година и ќе трае до февруари 2021 година.


Syndicate content