Соопштение
Дата на објава: 
22 Мај 2012

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во рамките на активностите предвидени со проектот „Зајакнување на подготвеноста за справување со шумски пожари“ спроведува четири регионални работилници поточно тренинг процес на тренери и тоа на тема:

  • Интегрирано управување со пожари
  • Техники за контрола на шумските пожари

Целта на работилниците, а и на помошта од проектот е зајакнување на капацитетот на национални управни и оперативни тела одговорни за справување со шумските пожари.

Додаток за превземање: 

Доделени концесии за 66 ловишта во државата
Дата на објава: 
22 Мај 2012
jpg

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска додели договори за концесии за 66 ловишта  во девет ловни региони во државата на 18 концесионери. За ловиштата со ситен дивеч концесијата е со траење од десет години, а за крупен 20 години.

Во  Кривопаланечкиот регион со шест ловишта ќе стопанисуваат два концесионера, во Македонски  Брод со седум  ловишта еден концесионер, а во Струмица 11 на  пет концесионери. Во Прилеп седум ловишта  се поделени на два концесионара, во Тетово девет на тројца концесионери, во Гостивар шест ловишта на четворица. По еден концесионер ќе стопанисува со две ловишта во Неготино, со четири во Пробиштип и со едно ловиште во Ресен.

При  стопанисувањето концесионерите зависно од состојбата во ловиштата во кои ќе спроведат попис, треба да внесат дивеч, да формираат ловочуварска служба, да изградат објекти... Планираните активности согласно понудените програми на огласот се задолжителни и ќе ги контролираат инспекциските служби.


Средба на министерот Димовски со министерот за земјоделство на Хрватска Тихомир Јаковина
Дата на објава: 
17 Мај 2012
JPG

Министерот за земјоделство, Љупчо Димовски за време на посетата на Израел се сретна и со својот хрватски колега министерот за земјоделство на Хрватска, Тихомир Јаковина.

Ова претставува прва средба на двајцата министри од назначувањето на министерот Јаковина на функцијата министер за земјоделство. На средбата се разговараше за продолжување на успешната соработка меѓу министерствата околку Евроинтегративните процеси.

Министерот Јаковина истакна дека ја имаме неговата целосна подршка и изрази подготвеност да ги споделат со нас нивните искуства во претпристапните процеси со цел ние да не ги правиме истите грешки кои тие ги правеле на патот на простапување кон ЕУ.

Министерот Димовскиј посочи дека е добредојдена секоја соработка на полето  на земјоделството која е во насока на осовременување и приближување на овој сектор кон Европската унија.


Продолжува успешната соработка во областа на земјоделството меѓу Македонија и Израел
Дата на објава: 
17 Мај 2012
 1.jpg

На маргините на посетата на Израел, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска оствари средба со претставници на Центарот за меѓународна соработка на Израел - МАШАВ. На средбата присуствуваа Даниел Кармон, амбасадор и Директор на израелскиот Центар за меѓународна соработка (МАШАВ) и амбасадорот Ефи Бен-Матитијау, директор на Интернационалните проекти за развој.


Преку конкретни маркетиншки планови до зголемен, координиран извоз на овошје, зеленчук и нивни преработки
Дата на објава: 
17 Мај 2012
jpg

АгБиз Програмата на УСАИД и министерствата за економија и за земјоделство, шумарство и водостопанство во партнерство со Агенцијата за странски инвестиции и поддршка на извозот иницираа изготвување заеднички пристап и стратегија за поголема промоција и извоз на свежо овошје, зеленчук и нивни преработки.

Како што беше речено на денешната конференција, идејата е преку конкретни маркетинг планови да се одберат и селектираат пазари на кои македонското овошје и зеленчук би имале конкурентска предност, да се направат чекори за подобрување на конзистентноста на квалитетот и финализацијата на производите со цел домашните компании подобро да одговорат на се поголемите притисоци на пазарите на кои борбата е немилосрдна. Тоа ќе ги направи македонските производи препознатливи, што е од суштинско значење.

Преработките од овошје и зеленчук заедно со тутунот и виното се најзначајни македонски земјоделски извозни продукти.


Syndicate content