Почнува реализацијата на израелските проекти за развој на руралниот туризам во струшко и за семепроизводство
Дата на објава: 
29 Мај 2012
P5290049.JPG

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, денеска одржа работен состанок со експерти за рурален туризам  и за производство на семе и саден материјал од Израел. На состанокот беше означен  техничкиот почеток на реализацијата на проектите за развој на руралниот туризам во струшкиот регион и проектот за производство на сертифициран семенски и саден материјал во Свети Николе.

 

На состанокот со министерот Димовски присуствуваа и Нина Леман, координатор на израелските проекти во Република Македонија, Гиора Теслер израелски експерт кој раководи со проетот за семепроизводство во Свети Николе и Офер Саш – Директор на центарот за меѓународна развојна соработка во земјоделството.

 


Јавен повик бр.03/12
Дата на објава: 
29 Мај 2012

Ј а в е н П О В И К    бр. 03/12

за доставување на понуди за давање во закуп

на земјоделското земјиште во државна сопственост до 10 хектари

I.  ПРЕДМЕТ НА јавниот ПОВИК

Се објавува јавен повик за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост за подигнати долгогодишни насади за времетраење од 30 (триесет) години за следните катастарски општини:

Регион Неготино, катастарски општини: Липа, Дрен, Вешје, Криволак, Челевец, Бистренци, Долни Дисан и Горни Дисан

Регион Кавадарци, катастарски општини:  Сопот и Рибарци

Регион Радовиш, катастарски општина: Скоруша

Регион Гевгелија, катастарски општина:  Селемли

Регион Битола, катастарски општина:  Долно Српци

Регион Струга, катастарски општина:  Враниште

Регион Струмица, катастарски општина:  Градашорци

Регион Делчево, катастарски општини:  Стамер и Стар Истевник

Додаток за превземање: 

Јавен оглас бр. 06/12
Дата на објава: 
28 Мај 2012

Врз основа на член 21 од Законот за земјоделско земјиште (“Службен весник на Република Македонија” бр. 135/07, 18/11 и 148/11) по Одлуката бр.22-5985/1 од 25.05.2012 година Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, распишува

 

Ј а в е н О Г Л А С    бр. 06/12

за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 10 хектари


I.  ПРЕДМЕТ НА јавниот ОГЛАС

Се дава во закуп земјоделско земјиште во сопственост на државата во регионите:

 

Куманово, Валандово, Радовиш, Берово, Крива Паланка, Крушево, Прилеп, Делчево, Пробиштип, Битола, Ресен, Кичево, Гевгелија, Св. Николе, Велес, Кавадарци, Кисела Вода, Македонски Брод.

 

Површини за превземање: Превземи

Додаток за превземање: 

Јавен повик бр.02/12
Дата на објава: 
26 Мај 2012

Ј а в е н П О В И К    бр. 02/12

за доставување на понуди за давање во закуп

на земјоделското земјиште во државна сопственост

I.  ПРЕДМЕТ НА јавниот ПОВИК

Се објавува јавен повик за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост за катастарската општини:

Регион Гевгелија, катастарски општини:  Гевгелија

Регион Делчево, катастарски општина: Град

Регион Тетово, катастарски општина:  Тетово

Предмет на постапката од дел I став 2 на овој јавен повик може да биде само слободно земјоделско земјиште во државна сопственост врз кое нема востановено право на закуп, право на плодоуживање, за кое не се води постапка за денационализација или постојат други пречки за доделување на земјиштето во закуп

Времетраењето на закупот за кој се издава земјиштето е:

- подигање на долгогодишни насад (лозја, овоштарници, хмељ) за период до 30 години;

Додаток за превземање: 

Министерот Димовски ја отвори манифестацијата „Денови на градинарството - Куклиш 2012“
Дата на објава: 
27 Мај 2012
 2.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска ја отвори четвртата манифестација „Денови на градинарството - Куклиш 2012“.

На манифестацијата чии организатори се  Здружението на граѓани „Кукла - Градинар“, министерот Димовски ја истакна заложбата на МЗШВ за  забрзан развој на аграрот, а посебно на раноградинарството како водечка гранка од земјоделството.


Syndicate content