Новите мерки за поддршка на земјоделскиот сектор поздравени од бизнисмените од Гевгелија и Негорци
Дата на објава: 
6 Јуни 2012
2283.JPG

Четири од вкупно 12 те економски мерки кои пред неколку дена ги промовираше Владата се насочени кон агросекторот.Со една од нив преку докапитализација на македонската банка за поддршка на развојот малите и средни фирми од преработувачката индустрија на располагање имаат нови 10,7 милиони евра.

 

Новите мерки поврзани со поддршката на секторот земјоделство беа тема и на денешната средба на министерот за земјоделство Љупчо Димовски со претставниците од преработувачките капацитети во Гевгелија.

 

За време на посетата на ,,Алтра“ Гевгелија и Дием ГП“ од Негорци Димовски ги имформираше менаџерите на двете компании дека  една од меркатите се однесува на допрецизирање на условите во делот на обезбедувањето на финансиски средства и тоа по два основи.

 


Земјоделците задоволни од владините мерки и условите што се нудат
Дата на објава: 
5 Јуни 2012
image1.jsp.jpg

Владината мерка преку која се обезбедуваат 10,7 милиони евра за земјоделството денеска тема на средбата на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски со претставници од фирмите од земјоделскиот сектор.

 

Земјоделците изразија задоволство од прифатените мерки и условите кои се нудат. Средствата ќе бидат достапни од почетокот на јули,  а до нив ќе стигнат побрзо и со пониски трошоци.

 

Министерот Димовски истакна дека на средствата претставниците од земјоделскиот сектор ја дале поддршката за мерките што беа разгледани на средбата. Покрај обезбедените 10,7 милиони евра за земјоделците, разгледани се и барањата за легализација на земјоделската механизација и објекти на земјоделското земјиште, како и за обезбедените 850 хектари државно земјиште што ќе биде дадено на социјално ранливи категории.


Земјоделците и мелничарите побараа воведување на мерки за заштита на пазарот со пченица и брашно
Дата на објава: 
5 Јуни 2012
P6050057.JPG

Заштита на домашниот пазар со пченица и брашно побараа членовите на постојаната потсекторска работна група за жито и ориз на денешниот состанок со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски. Како што посточија тие воведувањето на мерки за стабилизирање на пазарот, во прев ред пред почетокот на новата жетвена сезона треба да се направи во најкус можен рок со цел да се стабилизира дисбалансот на понудата и побарувачката на пченица и брашно на домашниот пазар предизвикан од увозот на ефтино брашно, но и заради регулирање на понудата и побарувачката на жито од новата реколта.

 

На денешниот состанок, земјоделците, млинарите и пекарите предложија мерка  за задолжително воведување на бандероли за произведеното брашно. Како што истакнаа тие на ваков начин ќе се воведе поголема контрола на производството, ќе се елиминира можноста за нелегална трговија со што ќе се заштити целиот синџир на производство од овој сектор - од примарното производство до пекарската индустрија.


Јавен оглас бр. 04/12
Дата на објава: 
2 Јуни 2012

Врз основа на член 21 од Законот за земјоделско земјиште (“Службен весник на Република Македонија” бр. 135/07, 18/11 и 148/11),  по Одлуката бр.22-3220/1 од 23.03.2012 година, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, распишува

 

Ј а в е н О Г Л А С    бр. 04/12

за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост

I. ПРЕДМЕТ НА јавниот ОГЛАС

Се дава во закуп земјоделско земјиште во сопственост на државата во регионите:

Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 

Со финансиска поддршка од ФАО ќе ја изработиме педолошката карта на Македонија
Дата на објава: 
30 Мај 2012
P5300050.JPG

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство до крајот на јуни до Организацијата за храна и земјодеолство при Обединентите Нации – ФАО ќе го достави предлог проектот за изработка на педолошка карта на Република Македонија. Ова е заклучокот од денешниот состанок на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски со Роналд Варгас од ФАО, одговорен за реализација на проектот со чија финансиска поддршка во соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна и Шумарскиот факултет  ќе биде изработена педолошката карта на нашата држава.

 

- Овој проект е од исклучителна важност за нашата држава и затоа Владата на Република Македонија вложи сериозни напори идејата за изработка на педолошка карта да се раелизира. Горд сум што за тоа имаме целосна подршка и од науката – истакна министерот Димовски на состанокот.

 


Syndicate content