Министерот Димовски ги презентираше потенцијалите на македонското земјоделство пред бизнисмени од Индија
Дата на објава: 
14 Јуни 2012
1.JPG

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски денес се сретна со претставници од мултинационална компанија од Индија, која е главен застапник на Пепси во Индија. Оваа компанија се занимава со флаширање на газирани и негазирани пијалоци како и со производство и пакување на млеко и млечни производи. Во Македонија се дојдени за поблиску  да  се запознаат со условите за инвестирање во млечната индустрија, откупно дистрибутивните центри, како и во преработувачката индустрија, во сушење на земјоделски производи, сечење и брзо замрзнување на истите.

 


Пролонгиран рокот за поднесување на барања за субвенции
Дата на објава: 
13 Јуни 2012

На барање на земјоделците и здруженијата на земјоделци Владата на Република Македонија на предлог од министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања за 2012 година.

 

Со оваа уредба се пролонгира рокот за поднесување на барања за субвенции и наместо до 20 јуни 2012 година, земјоделците барањата за субвенции ќе можат да ги поднесат до 31 јули 2012 година.

 

Земјоделците побараа продолжување на рокот за поднесување на барања по Програмата поради воведувањето на нов систем на администрирање на директните плаќања во Република Македонија. Во насока на воспоставување на Интегриран систем за администрација и контрола, се изврши интегрирање на софтверот за директни плаќања со софтверот на Единствениот регистар на земјоделски стопанства, при што се овозможи значајно намалување на документите кои барателите ги доставуваат во прилог на барањата.

 


Реакција на Министерството за земјоделство на изјавата на Зоран Шапуриќ од Либерално-демократската партија
Дата на објава: 
12 Јуни 2012

Зацртаните политики на континуирана и зголемувачка поддршка на земјоделството и руралниот развој на Владата на Република Македонија ги даваат своите резултати.  Нив може да не ги види само тој што не го разбира секторот или работите сака да ги прикаже поинаку.

 


Со употреба на сертифициран семенски материјал до поголеми приноси кај пченицата
Дата на објава: 
7 Мај 2012
Den na poleto.jpg

Кога ќе се спојат науката, праксата и технологијата резултетита се евиденти. Македонија не може да се пофали со некој исклучително добар принос  на пченица, но во Клечовце има двојно поголем принос во однос на просечниот и   ова треба да биде пример за сите земјоделци како треба да се насочува производството и во кој правец да се движи. Има добри професори, агрономи, пракса и  одлична поддршка од Министертвото и Владата преку директна финансиска поддршка за сите потреби на земјодлеците.

Ова го истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски во обрачањето на манифестацијата „Ден на полето на житните култури“ во кумановското село Новосељане организирана од Друштвото за земјоделско производство Клечовце ДООЕЛ и земјоделската задруга „Агростарт“.

Тој додаде дека сертифициораниот семенски материјал мора да се користи и дека има мерка која директно е насочена за употребата на таков материјал.


Јавен повик бр.07/12
Дата на објава: 
7 Јуни 2012

Ј а в е н О Г Л А С    бр. 07/12

за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост

I. ПРЕДМЕТ НА јавниот ОГЛАС

Се дава во закуп земјоделско земјиште во сопственост на државата во регион Кавадарци за вкупна површина од 37ха 54ар 29м2

 

Податоците за земјоделското земјиште од овој јавен оглас (за службености и други товари, за состојбата во која се наоѓа земјиштето, катастарските податоци содржани во имотниот односно поседовниот лист) се во согласност со катастарската евиденција и увид во тие податоци за секоја површина може да се направи на огласна табла во подрачната единица во Министерството, надлежна за соодветната огласена површина.

Времетраењето на закупот за кој се издава земјиштето е:

- подигање на маслинарници за период до 50 години;

- подигање на долгогодишни насад (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за период до 30 години;

- спортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30 години;

- рибници за период до 20 години;

Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 

Syndicate content