Соопштение
Дата на објава: 
27 Јуни 2012

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопштува дека се поништува јавниот Оглас 09/12 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост.

 

Се поништува јавниот Оглас 09/12 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за регионот Свети Николе, објавен во дневниот печат на ден 27.06.2012 година.


Цената на пченицата ќе биде прецизирана идната недела
Дата на објава: 
27 Јуни 2012
jpg

Цената на пченицата ќе биде прецизирана идната недела меѓу производителите и откупувачите, договорија денеска двете страни на заедничката средба во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

 

Владата во меѓувреме, на синоќешната седница, одлучи да го обврзе увозот со откуп на домашното производство, за лебно жито во сооднос 1:3 и за брашно во сооднос 1:4.

- Има можност на состанокот закажан за среда во Битола да ја презицираме откупната цена на пченицата која би била прифатлива за двете страни, а во исто време нема да влијае на покачување на цената на лебот како стратешки производ за најголем дел од населението, изјави ресорниот министер Љупчо Димовски по средбата.

 

Министерството, додаде, посредува во оваа ситуација зашто води сметка и за трудот на производителите, но и за проблемите на мелничарите.


Јавен оглас бр. 08/12
Дата на објава: 
27 Јуни 2012

Врз основа на член 21 од Законот за земјоделско земјиште (“Службен весник на Република Македонија” бр. 135/07, 18/11 и 148/11), по Одлуката бр.22-6460/1 од 11.06.2012 година, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, распишува

 

Ј а в е н О Г Л А С бр. 08/12

за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост

I. ПРЕДМЕТ НА јавниот ОГЛАС

Се дава во закуп земјоделско земјиште во сопственост на државата во регионот Радовиш за вкупна површина од 171ха 36ар 37м2


Коњановски: Земјоделците нема да бидат оставени сами на себе, по проценката на штетите ќе се утврди надоместот
Дата на објава: 
25 Јуни 2012
3.jpg

Земјоделците нема да бидат оставени сами на себе, но, уште еднаш апелирам, да ги искористат сите можности за осигурување на посевите, порача заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски по денешната посета на општина Петровец каде врнежите град викендов предизвикаа огромни штети.

 

Надлежните комисии, изјави, се веќе испратени на терен. По проценката ќе се знае колкаво ќе биде обештетувањето. Во секој случај, Министерството ќе се солидаризира со луѓето.

 


Министрите за земјоделство Димовски и Милошевиќ потпишаа Спогодба за фитосанитарна соработка
Дата на објава: 
22 Јуни 2012
2.jpg

Побрз трансфер на стоката од растително потекло, нејзино минимално задржување на граничните премини и интензивирање на вкупната трговска размена ќе овозможи Спогодбата за фитосанитарна соработка што денеска во Скопје ја потпишаа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и неговиот црногорски колега, министерот за земјоделство и рурален развој Тарзан Милошевиќ.

 

Потпишувањето на Спогодбата, како што рече министерот Димовски, значи потврда за политиката што ја води Македонија на регионално ниво.

- Спогодбата ќе ги интензивира контактите меѓу двете земји во делот на фитосанитарната контрола со што ќе се олесни транзитот, увозот и извозот на растенијата и растителните производи. Воедно ќе овозможи, што е особено битно, во целост да се прифаќаат извештаите за здравствената состојба на растенијата и нивните производи издадени од акредитираните и лиценцирани лаборатории во Македонија и Црна Гора, рече Димовски по потпишувањето.

 


Syndicate content