Резултати од полагање на стручен испит за проценувач од областа - земјоделство
Дата на објава: 
5 Јули 2012

Во прилог се резултатите од писмениот и устен дел на стручниот испит за проценувач од областа - земјоделство одржани на ден 03.07.2012 година.

Додаток за превземање: 

Министерот Димовски во посета на „Дим Комерц“ Валандово и „Баџо“ од Богданци
Дата на објава: 
5 Јули 2012
2012-07-05 11.56.44.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопантво Љупчо Димовски денеска беше во работна посета на Валандово и на Богданци. За време на посетата министерот ги посети извозно ориентираните производствено преработувачки капацитети „Дим Комерц“ Валандово и „Баџо“ од Богданци.

 

Со сопствениците на фирмите, министерот Димовски разговараше за актуелните прашања кои ги засегаат сите компании во преработувачкиот сектор, за новите владини мерки во делот на земјоделството, за условите на работа и особено за поддршката што овој сектор ќе ја добие од Владата во заедничкиот маркетинг настап на странските пазари.  Според министерот радува фактот што овој сектор се повеќе се развива и го заокружува процесот од примарно производство, па се до конзервирање и извоз.

 


Најниската откупна цена на пченицата 14 денари за килограм
Дата на објава: 
4 Јули 2012

Најниската откупна цена на пченицата ќе изнесува 14 денари за килограм, договорија денеска производителите и мелничарите. За поквалитетниот род лебно жито, се согласија на средбата во ЗК „Пелагонија“, ќе се плаќа повеќе.


Министерот Димовски во Прилеп: Исплатата на субвенциите се одвива без проблеми

Прилепските тутунари денеска ги подигнуваат средствата од исплатените субвенции за откупениот тутун од ланската реколта што од вчера се префрлени на нивна сметка.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска заедно со Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, во Прилеп се уверија дека исплатата на субвенциите за тутунарите тече без проблем.

Министерот Димовски истакна дека нема проблеми при исплатата на субвенциите и оти тие се добиваат во законскиот рок. Во Прилепско од вкупно 21 милион евра на име субвенции, треба да се исплатат околу 14 милиони.

- Задоволство ми е да нагласам дека исплатата на субвенциите непречено се  одвива со што се заокружува реколтата. Сега сме свртени кон новата реколта, рече Димовски.

Тој најави дека ќе се бараат решенија за проблемите што тутунарите ги имаа кога поради обилните дождови дел од родот беше уништен.


Соопштение
Дата на објава: 
29 Јуни 2012

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, и Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска ќе престојуваат во работна посета на Општина Прилеп. За време на посетата ке се сретнат со Сојузот на здруженијата на тутунопроизводители од Прилеп и со здруженија на земјоделци. На состанокот ќе се разговара за текот на исплатата на субвенциите.


Syndicate content