Формирано Републичко координативно тело за заштита од шумски пожари
Дата на објава: 
19 Јули 2012
P7190144.JPG

Со цел заштита од шумски пожари денеска Владата формира Републичко координативно тело, во чиј состав се претставници од сите надлежни институции од областа на  заштитата од пожари на отворен простор - Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, ЈП „Македонски шуми“, УХМР, МЖСПП, МВР, Министерството за одбрана...

Ова на денешната прес-конференција го соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.

- На последниот координативен состанок на ова тело се донесоа повеќе одлуки со кои ЈП „Македонски шуми“ се задолжи за план за зајакнување на надзорот, односно набљудување на терен на кој може да се појават најсериозни опожарувања и за тоа најитно да ја извести Дирекцијата за заштита и спасување. Министерството за одбрана и МВР да ги ангажираат своите хелихоптери за превентивни летови за следење на ситуацијата и за дојава на евентуален почеток на шумски пожар, рече Димовски.


Повик за доставување на писмо за интерес за учество на јавен оглас за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост
Дата на објава: 
18 Јули 2012

Влада на Република Македонија

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, распишува

 

ПОВИК

за доставување на Писмо за интерес за учество на јавен оглас за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост во закуп

I.

1) Се повикуваат сите заинтересирани правни и физички лица да достават Писмо за интерес за учество на јавен оглас за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост во закуп.

2) Земјоделско земјиште во сопственост на државата за која може да се достави Писмо за интерес е со површина од 5353ха 95ар 46м2 распоредени во четири геогравски целини и тоа:

 

Географска целина 1

Катастарски општини: Пеширово, Амзабегово, Кнежје, Црнилиште, Аџиматово и  Сарамзалино.

Географска целина 2

Катастарски општини: Ѓуземелци  и Милино

Географска целина 3

Катастарски општини: Лозово  и Каратманово

Географска целина 4

Катастарски општини: Дорфулија, Ќоселери, Аџи Бегово и Делисинци

Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 

Одобрена нова ИПАРД мерка, за набавка на земјоделска механизација
Дата на објава: 
13 Јули 2012
jpg

Со нова мерка за набавка на земјоделска механизација се проширува ИПАРД Програмата, соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.

 

Ова, како што изјави министерот Димовски по денешниот состанок на Комитетот за следење на ИПАРД, е дополнителен исчекор за подобрување и модернизација на секторот по последната владина мерка за регистрација на старата механизација.

 

Министерот информира дека се разгледува и можноста од воведување мерка за инвестирање во руралната инфраструктура која би ја користеле општините со цел осовременување на неразвиените подрачја.


Интервју со генералниот секретар на Постојаната работна група за регионален рурален развој во Југоисточна Европа, г. Бобан Илиќ
Дата на објава: 
9 Јули 2012
Boban Ilic.jpg

Односи со јавност на МЗШВ: Што е SWG и кои институции и земји членуваат во SWG?

Генерален секретар Бобан Илиќ: Постојаната работна група за регионален рурален развој во Југоисточна Европа (Standing Working Group for Regional Rural Development – SWG RRD) е меѓународна меѓувладина организација креирана од страна на Владите на земјите од Југоисточна Европа (ЈИЕ), поточно министерствата за земјоделство од ЈИЕ, со цел да се интензивира соработката меѓу земјите од ЈИЕ во областа на земјоделството и руралниот развој. Таа соработка, пред сé, се однесува на забрзување на реформите во областа на земјоделството поврзани со прашањата кои се однесуваат на интеграцијата на земјите од ЈИЕ, поточно на земјите од Западен Балкан, во Европската унија.


Здружувањето на земјоделците во задруги значи зголемување на нивната моќ
Дата на објава: 
7 Јули 2012
0084.jpg

Под мотото „Задругите градат подобар свет“  денеска во туристичката населба Отешево се одбележува Светскиот ден на задругите – 7 јули.

Манифестацијата, која прв пат се одбележува во Македонија и е во организација на Македонската асоцијација на земјоделски задруги – МАЗЗ со поддршка на  Центарот за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој - ЦеПроСАРД и Федерација на фармерите на Република Македонија - ФФРМ ја отвори министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.

 

Земјоделците во Република Македонија, според министерот, се повеќе се соочуваат со зголемениот притисок од конкуренцијата, како на домашниот, така и на пазарите во регионот и ЕУ.

 


Syndicate content