Дата на објава:
9 Септември 2013СДСМ повторно се обрати до јавноста со свое видување за земјоделството и аграрните политики на само нему својствен и несериозен начин, со пресек „кога домаќинките почнуваат да спремаат зимница“?!
Само малку подобро упатените знаат дека земјоделската година не може да се пресметува со овој период, уште помалку да се направи осврт за успешноста. Во СДСМ би требало да им е познато дека до крајот на годината следат уште активности за таа да се затвори.
Но, како што СДСМ во последно време започна со практикување, подобро кажано копирање, на партиското дејствување налик на партиите од власта и на Владата, за жал денес повторно ја покажа својата неинвентивност и неукост, правејќи го тоа и во земјоделската политика.
Конечно, добро е што СДСМ за прв пат јавно излегува со најавување, но само со најавување, на своја политика во „земјоделието“, како што тие граматички неуко го нарекуваат земјоделството.