Формирање на работни групи со надлежни институции од Македонија и од Албанија, со цел унапредување на трговската разменат
Дата на објава: 
3 Април 2018
19060208_2129287493959445_6320692176162355876_n.jpg

Денеска во Охрид, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, имаше билатерална средба со министерот за земјоделство и рурален развој на Република Албанија, Нико Пелеши. На состанокот беа отворени сите прашања во делот на трговската размена помеѓу двете земји, можноста за зголемување на меѓусебната трговија,системот на  следливост на млечни и месни производи, како и мерките на двете држави за контролата на искористувањето на пастрмката во Охридското езеро.

Двајцата министри се договорија итно да се формираат работни работни групи составени од надлежните институции на двете држави, а кои што во следниот период треба да одржат состаноци на кои што ќе  отворат сите прашања поврзани со трговската размена, системот на  следливост на млечни и месни производи, како и мерките на двете држави за контролата на искористувањето на пастрмката во Охридското езеро.


Николовски: Со мерките од Програмата за рурален развој, ќе обезбедиме достоинствен живот за граѓаните од сите рурални средини
Дата на објава: 
2 Април 2018
zels3.jpg

Со ефикасна искористеност на мерките од Програмата за рурален развој 2018, наменети за општините, ќе се обезбеди квалитетен и достоинствен живот за граѓаните од сите рурални општини, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, на денешната средба со претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, со градоначалниците од сите општини и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој,Николче Бабовски.

На средбата се презентираа трите мерки од Програмата за рурален развој за 2018 година наменети за општините, кои се од исклучително значење за подобрување на условите за живот на граѓаните во руралните средини во Република Македонија.


Николовски: Помали трошоци, поголем приход за земјоделците и повисоки плати за работниците, подобри услови за младите земјоделци
Дата на објава: 
31 Март 2018
29744393_2127855197436008_2742583945645579397_o.jpg

Намалување на трошоците за земјоделско производство, зголемување на приходот на земјоделците, мерки за ефикасна искористеност на парите од европските ИПАРД Програми, повисоки плати за работниците во земјоделскиот сектор, мерки за младите да останат во земјоделството - ова беа само дел од политиките што ги презентираше министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на денешната трибина со земјоделци од источниот регион, што се одржа во Штип.

 

Министерот Николовски посочи во изминатите 10 месеци политиките на Владата на Република Македонија во делот на земјоделството, се во насока на намалување на трошоците во земјоделското производство што ќе придонесе за создавање на конкурентни производи, но и зголемување на приходите на земјоделците. Во таа насока се мерките за поврат на персоналниот данок и за евтина зелена нафта за механизацијата.


Комитет за земјоделство и безбедност на храна: Создаваме услови за профитабилно земјоделско производство
Дата на објава: 
30 Март 2018
kom2.jpg

Денеска во Владата на Република Македонија се одржа првата конститутивната седница на Комитетот за земјоделство и безбедност на храна, со кој претседаваше претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев. Во Комитетот членува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, посебната советничка на за земјоделство на ПВРМ, Ленче Николовска, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министрите за финансии, животна средина, здравство, директори на надлежни институции.

 

Премиерот Заев посочи дека земјоделците, сточарите и агробизнисмените најдобро знаат што е она што владата треба да го преземе за да се овозможи рентабилно земјоделство и затоа низ работата на овој комитет ќе се носат заеднички одлуки во интерес на земјоделците.

 

Министерот Љупчо Николовски информираше за останатите точки и теми што ќе бидат разгледани на наредните седници на Комитетот за земјоделство и безбедност на храна.

 


Финишираат подготовките за новиот англиско-македонски проект „Елисиум“ за земјоделско производство
Дата на објава: 
28 Март 2018
m2.jpg

Унапредување на трговската размена со Велика Британија и инвестиции на англиски компании во македонското земјоделство – ова беа дел од темите на  состанок во Лондон, помеѓу македонскиот министер за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и државниот министер за земјоделство, рибарство и храна на Велика Британија , Џорџ Јустис.

 

На работниот состанок е разгледана и можноста за користење на англиски фондови за развој во областа на земјоделството.Двајцата министри се договориле двете држави да работат на унапредување на трговската размена со земјоделско-прехранбени производи.

 

Во рамки на официјалната посета на Лондон, министерот Николовски, имаше средба и со претставници на англиско-македонската корпорација која што е веќе регистрирана во Македонија и преку која што ќе се спроведува проектот „Елисиум“, кој што е од исклучително значаење за македонското земјоделство.

 


Syndicate content