Соопштение
Дата на објава: 
25 Август 2012
 1.JPG

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчo Димовски денеска го посети саемот за земјоделство во Горна Радгона, Словенија. По повод отворањето на Агра - 50 Меѓународен саем за земјоделство и храна, министрите за земјоделство  кои беа присутни на саемот беа поздравени од НЕ Данило Турк, Претседател на Република Словенија. Претседателот го поздрави јубилејното отварање на саемот и им посака добредојде на министрите за земјоделство и изрази надеж за продолжување на соработката во областа на земјоделството.


Министерството ќе им излезе во пресрет на барањата на сточарите за ублажување на недостигот на сточна храна
Дата на објава: 
23 Август 2012
image1.jsp.jpg

Владата ќе интервенира со одредена количина сточна храна од државните резерви за да се надмине недостигот што сериозно ги погоди фармерите, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски по работниот состанок со претставниците на здруженијата на земјоделците.

 

Поради сушата, приносите на житните култури се намалени за 15 до 20 отсто во однос на минатата година, а колкава количина ќе се издвои од стоковните резерви допрва ќе биде утврдено.

- Ќе имаме доволно разбирање за потребите на сточарите зашто навистина сакаме да им помогнеме, истакна Димовски.

Според министерот, решение мора да се најде, но долгорочно. Интервенцијата преку државните резерви не треба да биде пракса. Затоа ќе се оди на варијантата, при доделувањето државно земјоделско земјиште посебно да се дефинираат површини што ќе им бидат поделени на одгледувачите на добиток исклучиво за производство на сточна храна.

 


Соопштение
Дата на објава: 
16 Август 2012

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува сите корисници/закупувачи на земјоделско земјиште (во државна и приватна сопственост) дека согласно член 23 од Законот за ловството (“Службен весник на Република Македонија“ бр.26/09, 136/11 и 1/12) “забрането е палење на стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиште“. За ваков вид прекршок се предвидени прекршочни одредби, и тоа со член 77 став (1), глоба во износ од 6.000 до 8.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на концесионерот на дивечот во ловиштето или на друго правно лице, ако во ловиште пали стрништа, плевел или други растителни отпадоци. Согласно член 79 став (1), глоба во износ од 1.500 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичко лице, ако пали стрниште, плевел или други растителни отпадоци во ловиште.

 


Известување
Дата на објава: 
16 Август 2012

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува сите заинтересирани субјекти дека доставувањето на Писмо за интерес за учество на јавен оглас за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост во закуп кој беше објавен на 18 јуни 2012 година, се продолжува до 25 август 2012 година.


РЕАКЦИЈА на прес-конференцијата на Зорица Стрезовска, член на Агро-советот на СДСМ
Дата на објава: 
9 Август 2012

За тоа каде завршуваат земјоделските субвенции најдобро ќе биде СДСМ да ги праша 171.000 корисници на земјоделските субвенции, македонските земјоделци заклучно со месец јули во целост на нивните сметки ги добија ветените 115 милиони евра земјоделски субвенции за 2011 година, за разлика од одвај 6.000 земјоделци во времето кога тие беа на власт. Дополнително во целост се исплати и поддршката на тутунарите планирана за 2012 година, многу порано од завршување на тековната година.

Субвенциите се исплатени за конкретни земјоделски производи според програма, точно определени, реални, мерливи и видливи, и истите лесно може да се проверат на кого и колку се исплатени на веб страницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството.

За доследна и законска исплата на субвенциите Владата на Република Македонија изгради целокупен систем на правни акти, институции, информациски и контролни системи, усогласени во голема мерка со европските стандарди, кои гарантираат дека парите за субвенциите стигнуваат во вистински раце.  


Syndicate content