Дата на објава:
27 Август 2012Врз основа на член 4 став 2 од Програмата за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост на плодоуживање на одредена категорија социјално необезбедени лица („Службен весник на Република Македонија” бр.80/12) и Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2012-2013 година, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објавува
Ј А В Е Н П О В И К
за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост на плодоуживање на одредена категорија социјално необезбедени лица
I.ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК
Се објавува јавен повик за доставување на понуди за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост на плодоуживање на одредена категорија социјално необезбедени лица во следните региони:
Берово, Битола, М.Брод, Валандово, Гостивар, Гевгелија, Дебар, Делчево, Д.Хисар, Кочани, Кичево, Крушево, Кратово, Кавадарци, Струга, Струмица, Прилеп, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Велес, Штип, Г.Баба и Чаир.