Промоција на македонските вина во Кина
Дата на објава: 
11 Септември 2012
 кина.jpg

Македонската делегација предводена од Перица Иваноски, Државен советник во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, учествуваше на 7-от Форум за земјоделска соработка помеѓу Кина и земјите од Централно Источна Европа кој се одржа од 6 до 9 септември 2012 година во осум милионскиот Х’феи, главен град на провинцијата Анхуи. Форумот во организација на Кинеското министерство за земјоделство се одржува секоја година во насока на подобрување на економската соработка помеѓу европските земји и Кина.  Во текот на форумот домаќините од Народна Република Кина и учесниците од другите земји беа запознаени со досегашната соработка во земјоделството помеѓу Македонија и Кина која оди во нагорна линија, а Економскиот промотор Славица Крстева информираше за инвестиционите можности за производство и преработка на овошје, зеленчук, грозје, мед, тутун, житарици  и ориз како и за други производи земјоделски.

 


По осум години забрана викендов се ловеше риба со блинкер на Охридското Езеро
Дата на објава: 
9 Септември 2012

По осумгодишна забрана викендов повторно се ловеше риба со блинкер на Охридското Езеро. Ловот го организираше новиот концесионер „Пастрмка 2012“ што го доби правото да стопанисува со рибниот фонд на Охридското Езеро, согласно добиените одобренија од ресорното Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

- По направените анализи и изготвената рибна основа за фондот на Охридското Езеро, во Владата и ресорното Министерство дојдовме до констатација дека постојната ситуација е неодржлива и оти е потребен организиран начин на рибарење на Охридското Езеро, односно издавање согласност за рекреативен, но паралелно и за стопански риболов, изјави денеска во Охрид министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.


Пуштена во употреба новата зграда на Министерството за земјоделство
Дата на објава: 
8 Септември 2012
12.jpg

По повод Денот на независноста на Република Македонија - 8 Септември денеска е пуштена во употреба новата зграда на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во објектот со 9 илјади метри квадратни корисна површина ќе се сместат вкупно 467 лица, од кои 366 вработени во Министерството и 101 од Агенцијата за храна и ветеринарство. Проектот вреден 4,3 милиони евра е реализиран за две години.

Како што беше речено на отворањето со преселувањето на сите сектори и органи од МЗШВ на единствена локација ќе се зајакне административниот и управувачкиот капацитет на институцијата, ќе се обезбедат услови за ефикасно функционирање и квалитетно и навремено извршување на обврските.


Соопштение
Дата на објава: 
7 Септември 2012

Република Македонија е една од дессете земји која учествува на на форумот помеѓу Централна и Источна Европа и Народна Република Кина во делот на земјоделството кој по седми пат се одржува во главниот град на провинцијата Анхуи, Хефеи. Форумот е значаен настан за поттинување на соработката со Република Кина која во последниве неколку години бележи значаен напредок, преку размена на бизнис делегации до потпишување на низа билатерлани договори меѓу кој особено е важен Протоколот за фитосанитарна соработка од март оваа година со кој се овозможи слободен пристап на македонскиот тутун на кинескиот пазар.

 

На саемот кој се одржува паралелно со форумот свое присаство имаат седум винарии од Република Македонија и еден производител на мед кои остварија низа контакти со потенцијалните деловни партнери за настап на големиот кинески пазар.


СДСМ со лаги и измислици за субвенциите уште еднаш покажа дека ги дели земјоделците, потврдија Димовски и Коњановски
Дата на објава: 
5 Септември 2012
2.jpg

Груби лаги и невистини, измислици и конструкции беа изречени на вчерашната надзорна расправа во македонското Собрание. Опозициските пратеници зборуваа се, но најмалку вистина, посочија денеска на прес-конференција министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и заменикот министер Зоран Коњановски.

Тие изнесоа документи како писмена потврда дека се што беше кажано во врска со конкретни случаи, не кореспондира со реалноста.

Фирмата „Агро Оморани“ сама побарала раскинување на договорот за закуп со кој добила 3,5 хектари земјоделско земјиште и воопшто не поднела барање, ниту добила средства од програмите за финансиска поддршка наспроти тврдењето на Ленче Николовска, пратеник и претседател на собраниската Комисија за земјоделство, дека овој правен субјект земал субвенции и 12 парцели.


Syndicate content