Министерот Димовски го отвори пливачкиот маратон, „Дојрански спортски ракувања“
Дата на објава: 
16 Септември 2012
 1.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство  Љупчо Димовски денес во Дојран ги отвори „Дојранските спортски ракувања“ и пливачкиот маратон кој повторно се одржа по пауза од дваесет години.

Според министерот, особено радува фактот што се гледа дека Дојранското Езеро повторно го враќа својот сјај. Значењето на езерото е огромно, не само поради тоа што претставува извор на храна, туку со своите специфични лековити својства и пријатната клима туристичката сезона овде започнува порано и тоа од 15 мај, а трае до 15 септември.

- Со враќањето на водата во езерото се овозможи да се дадат на концесија рибите од риболовната вода Дојранско Езеро за вршење стопански и оранизирање рекреативен риболов истакна Димовски.


Доделена четвртина од кредитната линија на МБПР, осум фирми добија вкупно 2,7 милиони евра
Дата на објава: 
15 Септември 2012
214.JPG

Кредитната линија за земјоделските претпријатија обезбедена со докапитализација на Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР), почна да се користи. Како што соопшти денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, доделени се првите осум кредити во вкупна вредност од 2,7 милиони евра.

 

Средствата се реализираат под извонредно поволни услови, а ги користат претпријатија кои вршат откуп, преработка и извоз на земјоделски производи, пред се грозје, пченица и зеленчук.

- Дизјанот и начинот на кој Владата ја формираше оваа кредитна линија ја погоди целта, да им се помогне на фирмите кои ги откупуваат земјоделските производи и истовремено ги извезуваат или ги преработуваат и извезуваат, да ја пребродат временската рамка во тој дел, да ги извезат земјоделските производи, да ги наплатат и да ги исплатат потоа земјоделците, истакна Ставрески.

Тој очекува сите 11 милиони евра што ги обезбеди Владата да бидат искористени во релативно краток рок.

 


Тутунопроизводителите од пет држави против препораките за намалување на производството на тутунот
Дата на објава: 
14 Септември 2012
jpg

Препораките на Светската здравствена организација (СЗО) за намалување на производството на тутун се закана за егзистенцијата на стотици и илјадници семејства и со нив нема да се спречат луѓето да не пушат, оценуваат одгледувачите на тутун од Македонија, Бугарија, Србија, Грција и Турција.

 

Тие на денешниот форум за ориентален тутун, што го организира Меѓународната асоцијација на одгледувачи на тутун, истакнаа дека со намалувањето на производството на тутун нема да се намали бројот на пушачи и оти одгледувањето тутун не е штетно за животната средина.

 

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски повтори дека и понатаму ќе има производство на тутун и оти ќе се исплаќаат субвенции за него.


СООПШТЕНИЕ
Дата на објава: 
12 Септември 2012

Земајќи ги во предвид состојбите во подсекторот за ориз  во 2011/2012 година и во соработка со претставниците на производителите и откупувачите на ориз, Владата на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство  донесе заклучок да се излезе во пресрет на нивните барања со дополнителни мерки за поддршка на производителите и откупувачите на ориз.

1. За произведена и предадена оризова арпа во регистрирани домашни откупно-преработувачки капацитети:

- производна површина до 2,5ха –3,5 ден/кг

- производна површина од 2.6ха до 5ха – 2 ден/кг

- производна површина од 5,1ха до 7,5ха – 1,5 ден/кг

- производна површина од 7,6ха до 10ха – 1 ден/кг

2. Дополнителна мерка за стандардизација на квалитетот на белиот ориз во висина од 2 ден/кг за преработувачите на ориз.

Аплицирањето по овие мерки започнува од 01.10.2012 и ќе трае до 15.12.2012.


Прва средба на министерот Димовски со новиот амбасадор на Државата Израел надлежен за Македонија
Дата на објава: 
12 Септември 2012
P9120011.JPG

На денешната средба на министерот Љупчо Димовски со новиот амбасадор на Државата Израел, Јоси Амрани надлежен за Република Македонија со седиште во Загреб, беше истакната досегашната успешна соработка меѓу Република Македонија и Државата Израел која се темели на цврсто пријателство, взаемна почит и волја за понатамошно унапредување на односите меѓу двете земји. Оваа соработка се очекува да се развива и во иднина имајќи ги предвид потенцијалите на двете земји во земјоделството како важна гранка на стопанството, со цел подобрување на стандардот на живеење на населението во руралните средини.

 


Syndicate content