Во следните пет години 700 милиони евра поддршка за земјоделството
Дата на објава: 
12 Октомври 2012
PA120058.JPG

Зголемување на степенот на додадена вредност во земјоделството, на квалитетот и на продуктивноста е стратешката насока на најновата програма за субвенционирање што се носи за следните пет години, а предвидува вкупно 700 милиони евра поддршка.

Како што изјавија вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски по денешната работна средба околу додефинирање на програмата, поддршката во наредниот период ќе се фокусира и на руралниот развој, особено на инфраструктурата.

 

- Добро е позната владината политика за поддршка на земјоделството. Веќе најавивме дека следната програма се проектира на пет години. Разгледуваме документ со кој ќе биде дефиниран начинот за распределба на околу 700 милиони евра што како субвенции ќе ги добијат земјоделците. Промените ќе одат во насока на зголемување на поддршката за стимулирање на квалитетот и продуктивноста, но и на руралниот развој, односно инфраструктурата, истакна Пешевски.


Потпишан Меморандум за зајакнување на соработката меѓу министерствата за земјоделство на Македонија и Русија
Дата на објава: 
9 Октомври 2012
jpg

Имајќи ја предвид значајноста на земјоделскиот сектор во двете земји и во насока на нивните национални земјоделски политики и развојни програми, со цел да ја развијат, унапредат и прошират соработката во земјоделството помеѓу двете земји врз основа на принципите на рамноправност и взаемна корист министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, Љупчо Димовски и министерот за земјоделство на Руската Федерација, Николај Фјодоров потпишaа Меморандум за зајакнување на соработката во областа на земјоделството.


Министерот Димовски во Москва се сретна со рускиот министер за земјоделство Фјодоров
Дата на објава: 
9 Октомври 2012
jpg

,,Размената на земјоделски производи со Република Македонија е зголемена неколкукратно. Се повеќе увезуваме производи од Македонија. Со ниту една земја не сме имале такво интензивирање на соработката како со вашата земја. Нашите потрошувачи веќе ги препознаваат македонските производи, кои се конкурентни и имаат препознатлив квалитет. Има големи перспектива  за пласман на овошје и зеленчук на рускиот пазар.“ Ова на билатералниот состанок кој попладнево се одржа во Москва, Русија му го порача на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, Николај Фјодоров, министер за земјоделство на Руската  Федерација.


Јавен Повик бр. 06/12
Дата на објава: 
8 Октомври 2012

 

Ј а в е н П О В И К    бр. 06/12

за доставување на понуди за давање во закуп

на земјоделското земјиште во државна сопственост до 10 хектари

I.  ПРЕДМЕТ НА јавниот ПОВИК

Се објавува јавен повик за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост за подигнати долгогодишни насади за времетраење од 30 (триесет) години за следните катастарски општини:

Регион Радовиш, катастарска општина:  Дамјан

Регион Кочани, катастарски општини:  Жиганци и Соколарци

Регион Виница, катастарски општини:  Пеклани и Блатец

Регион Кавадарци, катастарска општина:  Кавадарци

Регион Свети Николе катастарска општина:  Немањица

Регион Струмица катастарски општини:  Чанаклија, Нова Маала, Хамзали и Гечерлија

Регион Неготино, катастарски општини: Долни Дисан, Горни Дисан, Криволак, Брусник и Тимјаник

Додаток за превземање: 

Федерацијата на фармерите одбележа 10 години од основањето
Дата на објава: 
4 Октомври 2012
jpg

Федерацијата на фармерите на Македонија (ФФРМ) денеска одбележува 10 години од основањето и пет годишен јубилеј од издавањето на списанието „Моја земја“.

Министерот Димовски истакна дека Федерацијата на фармерите претставува пример како невладиниот сектор ги интегрира македонските земјоделци, и во соработка со Владата и ресорното Министерство, активно креира платформа за унапредување и развој на земјоделското производство во државата. Федерацијата, посочи, е социо - економски партнер, а списанието „Моја земја“  веќе пет години е советник на земјоделците и ги запознава каде да ги насочат своите вложувања, кои производи се атрактивни на пазарот, кои се најсовремените средства за прихрана и одржување на насадите.

 

Земјоделскиот сектор, нагласи Димовски, во изминатиот период бележи позитивни движења како резултат на правилно насочените мерки за негова поддршка. Особено е зголемен извозот, кој од 242 милиони евра во 2006 година, годинава се зголемил на речиси 500 милиони годинава.


Syndicate content