Соопштение
Дата на објава: 
22 Октомври 2012

Владата на Република Македонија на предлог на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе измена и дополнување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2012 година и  Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2012 година.

Со оваа Уредба се врши дополнување на поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средства и начинот на директни плаќања согласно Законот за изменување и дополнување на законот за земјоделство и рурален развој (Службен весник на Република Македонија бр.126/12 ) во насока на опфат на корисниците кои не го оствариле правото на директни плаќања по мерки/подмерки од годишната програма за финансиска поддршка во земјоделството за 2011 година поради одбивање на барањето исклучиво заради ненамирени обврски кон Министерството и Агенцијата.


Ќе се дават под закуп 5670 хекатри државно земјоделско земјиште
Дата на објава: 
20 Октомври 2012

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,   денеска објави оглас за давање под закуп на 5670 хекатри државно земјоделско земјиште во Струмица, Гевгелија, Делчево, Валандово, Пробиштип, Радовиш, Берово, Битола, Неготино, Крива Паланка, Штип, Крушево, Д. Хисар, Кичево, Охрид, Чаир, Кратово, Македонски Брод, Виница, Карпош, Гостивар, Тетово,

.

Право на учество на јавниот оглас имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица.Физичките лица треба да се регистрирани вршители на земјоделска дејност и да се запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства. На огласот можат да аплицираат и трговци поединци, но, услов е ним земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи да им е претежна дејност. Странските правни лица имаат право да учествуваат на јавниот оглас доколку имаат регистрирано подружници во  Република Македонија.

 

Додаток за превземање: 

Новата програма за земјоделските субвенции рамка на аграрните политики од 2013 до 2017 година
Дата на објава: 
18 Октомври 2012
image1.jpg

Земјоделците да го прошират своето производство и да ги надградат сопствените бизниси е целта на новата петгодишна Програма за аграрна поддршка што денеска во Владата ја разгледуваа сите релевантни фактори, претставници од земјоделските здруженија, науката и надлежните институции.

Програмата е рамка во која ќе се движат земјоделските политики за периодот  2013 - 2017. Предвидува драстично зголемување на субвенциите и е проектирана на вкупно 700 милиони евра. Доби позитивна оценка од странските експерти, но мерките се уште се дефинираат. Во текстот, како што рече министерот Љупчо Димовски, има место за сите издржани забелешки.


Министерот Димовски во Охрид го отвори Форумот за земјоделска политика 2012
Дата на објава: 
17 Октомври 2012
4902.JPG

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска во Охрид го отвори Форумот за земјоделска политика 2012, во чија работа учествуваат претставници на ресорните министерства од 10-те држави-членки на Постојаната работна група за регионален рурален развој во земјите на Југоисточна Европа, како и претставници на институциите на ЕУ и на Австрија, Германија, Унгарија и Словенија, со статус на земји-набљудувачи.

 

Во обраќањето пред учесниците министерот Димовски нагласи дека повеќе од една деценија Форумот за земјоделска политика е предводник во развојот на политичките дијалози на земјите на Југоисточна Европа и двигател во иновацијата и позитивните промени во земјоделството и руралниот развој.

- На регионално ниво, Форумот за земјоделска политика претставува еден од најголемите собири на сите оние кои ја креираат политиката на кој начин се дискутира за главните теми во земјоделството и руралниот развој, како и формулирање на политиката и перспективите, рече тој.


Позитивните оценки од ЕК поттик за уште поагресивно спроведување на аграрните политики
Дата на објава: 
16 Октомври 2012
jpg

Извештајот на Европската комисија за напредокот на македонското земјоделство четврта година по ред бележи прогрес и дава позитивни оценки во повеќе сегменти.

Како што рече денеска на прес-конференција ресорниот министер Љупчо Димовски, во Извештајот се акцентира алоцирањето на зголемените финансиски средства за директна поддршка, напредокот во органскотото производство, во политиката на квалитет преку целосното воведување на законодавството за пазарните стандарди, барањата за обележување и етикеирање, како и во поставувањето на Интегрираниот систем за администрација и контрола на мерките на директни плаќања со воспоставувањето на Системот за идентификација на земјишни парцели.

Евидентирано е и почнувањето на активностите за уредување на пазарите на земјоделски производи, сегмент во кој останува да се спроведе амбициозната агенда на донесување подзаконски акти пред се во делот на квалитетот и класификацијата на земјоделските производи.


Syndicate content