Дата на објава:
25 Октомври 2012Владата ја донесе Програмата за земјоделство и руралeн развој за период од 2013 до 2017 година со која за првпат за пет години се дадени насоки како ќе се одвива финансиската поддршка за земјоделците.
Планирано е во следните пет години да бидат доделени вкупно 725 милиони евра субвенции од кои во 2013 година - 135 милиони евра, во 2014 - 140 милиони евра и од 2015 до 2017 година по 150 милиони евра.
- Досега беа носени програми за финансиска поддршка за период од една година што на земјоделците им даваше чувство дека може да дојде до некакви посериозни измени во следната година. Со цел да ја избегнеме таа несигурност се одлучивме овој пат да донесеме петгодишната програма во која на детален начин се кажува во која насока ќе одат субвенциите, истакнаа денеска на заедничка прес-конференција вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски.