Во Градашорци, Струмичко се одржа манифестацијата „Ден на празот“
Дата на објава: 
11 Ноември 2012

Во организација на општина Василево, а под покровителство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска во селото Градашорци по петти пат се одржа манифестацијат „Ден на празот“.

 

Учесниците и гостите на годинашнава манифестација ги поздрави министерот за земјделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, кој истакна дека ваквите манифестации се вистинско место за средба на производителите и трговците со цел склучување на договори за пласман на овој зеленчук, но и убаво место за дегустација на многу вкусни јадења, кои домакинките од Градашорци ги прават од празот.

 


Ќе се дава во закуп државно земјоделско земјиште во Свети Николе
Дата на објава: 
9 Ноември 2012

Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство денеска објави јавен повик за давање во закуп на државно земјоделско земјиште во регионот Свети Николе, за вкупна површина од над 5353ха 95ар 46м2 за катастарските општини Пеширово, Амзабегово, Кнежје, Црнилиште, Аџиматово,  Сарамзалино, Ѓуземелци, Милино, Лозово, Каратманово, Дорфулија, Ќоселери, Аџи Бегово и Делисинци.

 

Земјоделското земјиште предмет на огласот се дава под закуп како целина.

Земјоделското земјиште предмет на огласот се дава под закуп за одгледување  на други земјоделски култури (житни и фуражни).

Времетраењето на закупот за кој се издава земјиштето е 15 години.

Времетраењето на закупот по истекот на времетраењето на склучениот договор за закуп, може да се продолжи со непосредна спогодба за закуп за следниот период од 15 години, под истите услови кои се наведени во претходниот договор, доколку закупецот во целост ги исполнил обврските од претходниот договор за закуп.


Презентирана стратегијата за подобрување и следење на квалитетот на млекото 2013-2020
Дата на објава: 
8 Ноември 2012
 совет.jpg

 

Расниот состав, исхраната, здравствената заштита и крмната база се клучни фактори за подобро млекопроизводство. Овие параметри се дефинирани како приоритети во стратегијата за подобрување и следење на квалитетот на млекото 2013-2020 што денеска беше презентирана пред Советот за земјоделство и рурален развој.

- Станува збор за стратешки документ кој го трасира развојот на млекопроизводството, подигнувањето на неговиот квалитет и задоволувањето на условите што ги бара Европската унија. Се надеваме дека до 2020 година ќе ги исполниме сите потребни стандарди и критеруми, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.


Министерот Димовски го отвори Агрофуд 2012
Дата на објава: 
7 Ноември 2012
DAD_0503.JPG

На Скопскиот саем од денеска до сабота се одржува 62. Меѓународен саем за широка потрошувачка Агрофуд 2012 на кој  се претставени најновите земјоделски машини, насади и вештачки ѓубрива, како и достигнувања во органската храна.

Саемот се простира во две хали на површина од 5.000 метри квадратни, а за првпат годинава е поставен и Слоу фуд Македонија каде ќе се подготвува традиционална здрава храна, а ќе се претстават 12 конвивиуми од Македонија.

Саемот го отвори министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски кој меѓу другото истакна дека Македонија има со што да се пофали кога станува збор за земјоделството и оти македонските земјоделски производи се одликуваат со одличен и посебен квалитет.

Тоа, смета Димовски, е дополнителен мотив стратешки и заеднички да се гради стратегијата за промоција на земјоделските производи во земјата и во светот.


Ќе се даваат во закуп 627 ха државно земјоделско земјиште
Дата на објава: 
5 Ноември 2012

Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство денеска објави јавен оглас за давање во закуп на државно земјоделско земјиште во регионите Гевгелија, Неготино, Делчево, Ресен, Битола, Валандово, Берово и Свети Николе, за вкупна површина од над 627ха. Времетраењето на закупот за кој се издава земјиштето е:

- подигање на маслинарници за период до 50 години;

- подигање на долгогодишни насад (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за период до 30 години;

- спортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30 години;

- рибници за период до 20 години;

- одгледување на други земјоделски култури  за период до 15 години;

- ливади за период до 15 години.

Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 

Syndicate content