Успешно завршување на македонското претседателство со Постојаната работна група за регионален рурален развој на ЈИЕ
Дата на објава: 
16 Ноември 2012
163.JPG

Министерот за земјоделство, Димовски, денес, во Приштина се обрати на шестиот годишен работен состанок на министрите за земјоделство на Југоисточна Европа. Состанокот го отвори и ги поздрави присутните гости премиерот на Косово Хашим Тачи, а  го водеше министерот за земјоделство, шумарство и рурален развој на Република Косово – Блеранд Ставилеци кој воедно го презема и претседавањето со SWG од својот македонски колега, министерот Љупчо Димовски.

 


Македонија и Унгарија ја интезивираат соработката во земјоделството
Дата на објава: 
15 Ноември 2012
image1.jpg

Продлабочување на односите во земјоделството и потпишување меморандум за соработка во оваа сфера договорија денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и унгарскиот министер за рурален развој Шандор Фазекаш.

 

Сточарството, биотехнолгоијата и производството на овошје и зеленчук, се секторите за кои постои најголем интерес од унгарска страна. Посебно битен сегмент, како што изјави Фазекаш по средбата, е заштитата на животната средина, но големо внимание ќе се посвети и на бизнис релациите, односно на реализирањето што почести, директни контакти меѓу стопанствениците од двете земји.

 

- Унгарија ги поддржува евроатлантските аспирации на Македонија, но дојде време да ја интензивираме и соработката во областа на земјоделството. Воедно постои можност преку Владата на Унгарија и ФАО, македонски експерти да добијат можност за дообразование на нашите факултети, рече Фазекаш.

 


Средба на министерот Димовски со претставници на Мисијата на УНДП во Скопје и експерти за земјоделство
Дата на објава: 
14 Ноември 2012
 1.jpg

Министерот  за земјоделство, Љупчо Димовски денес оддржа работен состанок  со високи претставници на Мисијата на УНДП во Скопје и тим од словенски и хрватски експерти за земјоделство и рурален развој.  На состанокот се разговараше за повеќе прашања од областа на земјоделството, шумарството и руралниот развој каде што УНДП понудија техничка и експертска поддршка за подготовка на секторите во процесот на ЕУ интеграции.

 

На состанокот министерот Димовски накусо ги информираше гостите за политиките на Владата на Република Македонија во областа на земјоделството и руралниот развој согласно Петгодишната национална програма за земјоделство и рурален развој 2013-2017 и процесот на подготовка на стратешката рамка за периодот 2014-2020.

 

Воедно ги истакна следниве приоритети каде што е потребна експертска поддршка од тимот на УНДП:


Средба на министерот Димовски со претставници на Корпорацијата Митцубиши од Јапонија
Дата на објава: 
14 Ноември 2012
 2.jpg

Министерот за земјоделство Љупчо Димовски,  денеска одржа состанок со Генералниот менаџер на Корпорацијата Митцубиши - Јапонија, Хирохару Окамото, задолжен за Европа, Африка и Средниот Исток. Корпорацијата Митцубиши претставува глобално интегрирана бизнис компанија што развива и работи бизниси во речиси секоја индустрија, вклучувајќи индустриски финансии, енергија, метали, машини, хемикалии, храна и бизниси кои вклучуваат заштита на животната средина.

Со повеќе од 200 канцеларии и филијали во околу 90 земји во светот и мрежа од над 500 компании од групата, Корпорацијата Митцубиши вработува мултинационална работна сила од околу 60.000 луѓе.

На средбата, гостите изразија голем интерес за вложување во земјоделскиот сектор. Во Македонија се дојдени за поблиску  да  се запознаат со условите за инвестирање во млечната индустрија, откупно дистрибутивните центри, како и во преработувачката индустрија, во сушење на земјоделски производи, сечење и брзо замрзнување на истите.


Ќе се даваат во закуп 5140 ха државно земјоделско земјиште
Дата на објава: 
12 Ноември 2012

Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство денеска објави јавен оглас за давање во закуп на државно земјоделско земјиште во регионите Куманово, Прилеп, Прилеп, Св.Николе, Велес, Кочани, Ресен, Струга, за вкупна површина од над 5140 ха. Времетраењето на закупот за кој се издава земјиштето е:

- подигање на маслинарници за период до 50 години;

- подигање на долгогодишни насад (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за период до 30 години;

- спортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30 години;

- рибници за период до 20 години;

- одгледување на други земјоделски култури  за период до 15 години;

- ливади за период до 15 години.

Додаток за превземање: 

Syndicate content