Формирање на работни групи со надлежни институции од Македонија и од Албанија, со цел унапредување на трговската разменат
Дата на објава:
3 Април 2018Денеска во Охрид, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, имаше билатерална средба со министерот за земјоделство и рурален развој на Република Албанија, Нико Пелеши. На состанокот беа отворени сите прашања во делот на трговската размена помеѓу двете земји, можноста за зголемување на меѓусебната трговија,системот на следливост на млечни и месни производи, како и мерките на двете држави за контролата на искористувањето на пастрмката во Охридското езеро.
Двајцата министри се договорија итно да се формираат работни работни групи составени од надлежните институции на двете држави, а кои што во следниот период треба да одржат состаноци на кои што ќе отворат сите прашања поврзани со трговската размена, системот на следливост на млечни и месни производи, како и мерките на двете држави за контролата на искористувањето на пастрмката во Охридското езеро.