Николовски:Се водат разговори за пласман на македонската зелка на рускиот пазар
Дата на објава: 
16 Април 2018
IMG_0773.JPG

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство континуирано за следи состојбата со откупот и цената на пролетната зелка, и се преземаат мерки за понуда на македонската зелка на рускиот пазар, порача министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

 

При тоа министерот Николовски посочи дека во моментов се собираат податоците за расположливите количини и цените и интензивно се водат  разговори за пласман на зелката.И денеска претставници од Министерството ќе имаат средба со производителите од Струмичкиот регион.

Украина и Русија засега не увезуваат македонска зелка затоа што имаат прилив од други земји по многу поконкурентни цени.

 

- Во овие неколку часа се подготвуваат информации кои ќе бидат испратени до Македонско-руската стопанска комора која ги води разговорите. Верувам дека ќе имаме резултат, изјави министерот Николовски.

 

Николовски посочи дека се вложуваат максимални напори не само за олеснување на извозот, туку и за обезбедување нови пласмани.

 


Се подобрува соработката помеѓу Македонија и Србија-побрз проток на пратките, пониски трошоци, поконкурентни домашни производи
Дата на објава: 
13 Април 2018
logo_mzsv.png

Побрз проток на пратките, пониски трошоци, поконкурентни домашни производи – ова се дел од придобивките кои што македонските извозници ќе ги имаат со потпишувањето на двата договори од областа на безбедност на храна и  фитосанитарната соработка, со Република Србија.

Договорите се усогласуваат и до 30-ти јуни годинава треба двете држави да ги потпишат.

 

Потпишувањето на двата  договора всушност значи признавање на сертификатите на двете земји, односно ќе престане потребата за двојно земање на примероци и анализа на прехранбените производи, што во голема мера ќе ги намали дополнителните и непотребните трошоци со кои се  соочуваат компаниите извозници од двете земји.

 


Николовски: Со окрупнување на земјоделското земјиште до создавање на конкурентно и модерно земјоделско производство
Дата на објава: 
5 Април 2018
kons8.jpg

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска со Вирве Вимпари од Делегацијата на ЕУ, и со  главниот технички советник на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите Нации (ФАО), Вилма Даугалиене, беа во посета на дел од 12-те избрани локации за спроведување на проектот за консолидација на земјиште, во околината на селата Спанчево , Чешиново, Соколарци и Чифлик.

Пред присутните земјоделци беше презентиран процесот на изборот на локациите и следните чекори за реализација на окрупнувањето на земјиштето.

 

Македонија има најрасцепкани парцели во споредба со останатите земји од регионот и тоа мора да се промени, но освен заложба на институциите, неопходна е и голема посветеност на земјоделците, порачаа министерот претставниците од ЕУ и од ФАО.

Министерот Николовски посочи дека консолидацијата на обработливото земјиште е почетна точка за создавање активни земјоделци- претприемачи, подготвени за успешен натпревар на европскиот пазар.

 


Надминати недоразбирањата за откупната цена на пролетната зелка помеѓу земјоделците производители на зелка и откупувачите
Дата на објава: 
4 Април 2018
zelk.jpg

Претставници од Владата на Република Македонија и од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, денеска во Струмица одржаа заеднички состанок со земјоделците производители на зелка и со откупувачите. На состанокот се разговараше за моменталната состојба со откупот на пролетна зелка, конкретно за откупната цена на овој производ.

 

Земјоделците и откупувачите посочија дека прв пат после долги години, денеска воспоставуваат една релација меѓу нив за долгорочна соработка.

На состанокот земјоделците и откупувачите начелно се договорија откупната  цената да се движи од 25 до 20 денари за килограм во зависност од тоа како ќе се движи цената на светските пазари. По овој договор, земјоделците посочија дека нема да протестираат.

 


Контроли во Свети Николе за утврдување на правото на користење на државното земјоделско земјиште
Дата на објава: 
4 Април 2018
zemja.jpg

Во насока на продолжување на активностите за обезбедување на слободни земјоделски површини , Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е во процес на објавување на јавен оглас за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до и над 3 хектари во регионот на Свети Николе.

Во оваа насока , се превземаат интензивни активности за расчистување на земјоделското земјиште од против-правното користење на земјиштето и ослободување на истото од узурпаторите , кои во минатиот период без основ го користеле. Овие активности се одвиваат во соработка со Државниот инспекторат за земјоделство , шумарство и водостопанство .


Syndicate content