Соопштение
Дата на објава: 
28 Ноември 2012

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство изразува жалење за одлуката на таканаречениот Иницијативен Одбор на оризопроизводителите и најавата  „Масовен протест“ на оризопроизводителите закажан за утрешниот ден.

Во оваа прилика Министерството посочува на невистините кои се изречени во соопштението, поврзани со, како што тие го нарекуваат „историски договор што го договорија Владата преку ресорното Министерство за земјоделство со оризопроизводителите и откупувачите .“

Потсетуваме дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство вложи напори на иста маса да седнат претставници на оризопроизводителите од една страна и откупувачите на ориз, од друга страна за постигнување договор за формирање на просечна откупна цена од 20 денари за килограм за оризова арпа од овогодишната реколта.

Притоа дефинираниот рандеман од 50% беше прифатен од двете страни, како единствени фактори на договорите.


Министерот Димовски на откупен пункт во Прилеп, идната година 25 милиони евра субвенции за тутунот
Дата на објава: 
23 Ноември 2012

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска го посети градскиот откупен пункт на прилепскиот Тутунски комбинат каде пред четири дена почна откупот на тутунот.

 

Тој изрази задоволство од почетокот на откупот и согласно очекуваниот род, за догодина најави исплата на 25 милиони евра субвенции.

- Според производителите, реколтата која очекуваме да тежи околу 25.000 тони, е со висок квалитет. Тоа го потврдуваат и анализите, изјави министерот Димовски, додавајќи дека исплатата на преземените количини ќе биде во рок од седум до десет дена.

Тој смета дека Македонија и тутунопроизводителите „извојуваа” значајна победа зашто Светската зравствена организација на состанокот во Сеул своите предлози за намалување на ориенталскиот тип тутун ги одложи за 2014 година.


Соопштение за пријавување за полагање на испит за добивање на лиценца за проценител на тутун
Дата на објава: 
22 Ноември 2012

Пријавувањето на заинтересираните кандидати за испит за полагање заради добивање на лиценца за процена на тутун ЗАВРШУВА ЗАКЛУЧНО СО 30 НОЕМВРИ 2012 година.

Испитот се полага пред комисија што ја формира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Заинтересираните кандидати заедно со пријавата (во која се наведуваат адресата на живеење и контакт телефон) за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на тутунот треба да ги приложат следните потребни документи:

 

1. Диплома за завршено високо, вишо или свидетелство за завршено средно образование од областа на технологијата за производство и обработка на тутун  или

2. Кандидатите кои немаат соодветно образование треба да приложат копија од М1/М2 Образец со податоци за работниот стаж и тоа:

-високо образование со две години работен стаж

-вишо образование со три години работен стаж или


Министерот Димовски засади дрвца во Кратово
Дата на објава: 
21 Ноември 2012
o130waOTRcgPsCSMv.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска во рамките на акцијата „Ден на дрвото“ засади дрвце на локалитетот Попова Глава во Кратово.

- Се надевам дека најголемиот дел од овие дрвца кои ги садиме денеска ќе се зафатат одлично и ќе придонесат за подобра иднина, изјави Димовски.

Тој изрази задоволство од масовноста на акцијата за која рече дека треба да доведе до поздрава и почиста животна околина.

Градоначалникот на Кратово, Мите Андоновски посочи дека кратовци и годинава масовно се приклучуваат на акцијата „Ден на дрвото“.

- Веќе десетти пат го правиме ова и среќен сум што и денеска сите граѓани решија да засадат дрво и на тој начин да инвестираат во сопствената иднина, рече градоначалникот Андоновски.


Пекабеско отвори нов производствено-логистички центар за месо и сувомеснати производи
Дата на објава: 
17 Ноември 2012
 1.jpg

Компанијата Пекабеско денеска го пушти во употреба новиот производствено-логистички центар за производство на месни и сувомеснати производи.

Вкупната инвестиција е 13 милиони евра, од кои 9,5 милиони се обезбедени преку кредит од  Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Македонската банка за поддршка на развојот, а останатите се сопствени средства на компанијата.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски истакна дека центарот е изграден по сите европски и ХАСАП  стандарди за производство на сувомесни производи.

- Фабриката има капацитет за производство од 35 тони на ден, конфекционирање на свежо месо, производство на паштети, складирање  и расекување на свежо месо, пакување на смрзната риба, пакување на смрзнат зеленчук и овошје и магацини со 7.000 палетни места на сите режими на лагерување. За сето ова да се постигне ќе бидат потребни најмалку 30 тони свежо или замрзнато месо како суровина дневно, рече министерот Димовски.


Syndicate content