Министерот Димовски го отвори вториот Фестивал за органска храна во Скопје
Дата на објава: 
16 Декември 2012
organic.jpg

Производители на органска храна, преработувачи и трговци со органски земјоделски производи се претставуваат на Вториот Фестивал за органска храна, што се одржува денеска во трговскиот центар Скопје сити мол, во организација на Град Скопје и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Целта на фестивалот е да се промовира органската храна и органското земјоделство како важен, перспективен дел на одржливото производство, како и здравиот начин на исхрана.


С О О П Ш Т Е Н И Е
Дата на објава: 
14 Декември 2012

С О О П Ш Т Е Н И Е

 

 

ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ

ЗА ДОБИВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦА ЗА ПРОЦЕНИТЕЛ НА ТУТУН

 

 

 

 

 

ПОЛАГАЊЕТО НА ИСПИТОТ ЗА ДОБИВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦА ЗА ПРОЦЕНА НА ТУТУН ЌЕ СЕ ОДРЖИ НА ДЕН 20.12.2012 ГОДИНА

ВО УКЛО НАУЧЕН ИНСТИТУТ ЗА ТУТУН ПРИЛЕП

ул.Кичевска бр.ББ, СО ПОЧЕТОК ВО 11 ЧАСОТ

 

 

 

 

Пријавените кандидати на денот на полагањето потребно е да достават доказ копија од уплатницата за извршена уплата на потребните трошоци за полагање на испитот и личен документ за идентификација(лична карта, пасош).

Во спротивно комисијата за полагање испит за добивање на лиценца за процена на тутун нема да дозволи да го полагаат испитот.


ФЗНХ пример за врвна научна институција од областа на земјоделството и храната во Македонија
Дата на објава: 
13 Декември 2012
jpg

Осовременувањето на земјоделското производство, зголемувањето на обработливата површина, на вкупната продукција и на извозот, се само некои од индикаторите за ефектите од владината аграрна политика, од се што е вложено во македонското земјоделство последниве шест години, рече денеска министерот Љупчо Димовски по отворањето на 37. средба „Факултет-Стопанство“ на Факултетот за земјоделски науки и храна.

Но, овие резултати, додаде, ни приближно не ќе можеа да се постигнат без соработката со науката, пред се со Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ).

- Во досегашниот период, ФЗНХ или генерално, македонската земјоделска наука, има посебно место во поддршката на напорите за градење конкурентен земјоделско-прехранбен сектор во Република Македонија. Ваквата позиција во следниот период треба да биде потврдена и дополнително зајакната особено што пред секторот, руралните средини и државата престојат низа предизвици за подобрување на резултатите и општата благосостојба, рече министерот.


Министерот Димовски одржа состанок со Потсекторската група за житни култури
Дата на објава: 
3 Декември 2012
 потсекторска.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска одржа состанок со Потсекторската група за житни култури. На денешниот состанок, се констатираше дека примената на одредени агротехнички мерки или некоја група хербициди, како и неупотребувањето квалитетен семенски материјал се меѓу потенцијалните фактори што го намалија квалитетот на оризот.

- Се соочуваме со неочекуван проблем за кој причините се непознати. Затоа бараме помош од сите институции кои се во можност да дадат насоки и совет. Претстојат консултации со науката која очекуваме да се произнесе и околу можноста кршливите зрна ориз да се искористат како сточна храна, изјави министерот Димовски по состанокот.

Се уште не е утврдена причината за енормната кршливост на оризовото зрно што годинава ги затече производителите. Приносот, велат, е преполовен и кои било мерки да се донесат, нема да ја надоместат загубата.


Министерот Димовски го посети капацитетот за преработка на костен „ДРА-ГО“ во Кичево
Дата на објава: 
29 Ноември 2012
DSC_0075.jpg

Ретко на која домашна трпеза не се нашол познатиот и признат по квалитет македонски костен. Неговото одгледување има многу позитивни страни, долговечен е, достигнува и над 500 години старост, има одлична родност, мал број природни непријатели (болести и штетници), а доколку се одгледува во поволни еколошки услови не мора да се третира со никакви заштитни средства, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски при денешната посета на стопанскиот капацитет за преработка на костен „ДРА-ГО“ во Кичево.

 

Оваа благородна овошка, додаде тој, освен на македонскиот пазар, се пласира и во странство. Компаниите кои ги откупуваат костените ги пласираат главно во Романија, Бугарија и Италија, каде што се користат пред се во кондиторската индустрија.


Syndicate content