МИА ИНТЕРВЈУ со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски
Дата на објава: 
3 Јануари 2013
ljd (3).jpg

Министре, како ја оценувате изминатата 2012 година? Може ли да се каже дека беше релативно мирна, без поголеми превирања, протести, штрајкови, блокирање патишта?


Оваа земјоделска година измина без особени непредвидени ситуации. Скоро кај сите земјоделски култури се исполнија очекуваните приноси. Откупот на земјоделските производи, особено на тутунот помина во најдобар ред, со добра цена која тутунопроизводителите преку нивните претставници ја постигнаа со откупувачките компании. Истото се однесува и на градинарските производи, овошјето, откупот на грозјето, житариците ...


Окрупнувањето на обработливото земјиште клучно за конкурентно земјоделство
Дата на објава: 
26 Декември 2012
123.jpg

Од околу 450.000 хектари обработливо земјиште, 100.000 ќе бидат приоритет во претстојното окрупнување. Овој процес т.н. консолидација е комплексен и долготраен, минимум 20 години, но ќе ги опфати сите расцепкани парцели, а ќе се реализира согласно правната рамка чие донесување се очекува кон средината на идниот месец.

Земјоделците ја поздравуваат новововедената политика на окрупнување  која, велат, значително ќе придонесе за поконкурентно прозиводство и подобар живот во руралните средини. Според нив, посебно критични во однос на фрагментираноста се површините во Пелагонија, Струмичко и Полошкиот регион.

Како што нагласи ресорниот министер Љупчо  Димовски, законот за консолидација е особено битен зашто ќе овозможи почнување нова фаза во уредувањето на земјиштето.


Ј А В Е Н П О В И К бр. 08/12
Дата на објава: 
26 Декември 2012

Ј а в е н П О В И К    бр. 08/12

за доставување на понуди за давање во закуп

на земјоделското земјиште во државна сопственост

I.  ПРЕДМЕТ НА јавниот ПОВИК

Се објавува јавен повик за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост за катастарската општини:

Регион Битола, катастарски општини: Беранци, Црнобуки, Лисолај, Лопатица, Трново, Магарево, Цапари, Рамна и Лера

Регион Велес, катастарски општини:  Градско,

Регион Неготино, катастарски општини:  Неготино,

Регион Прилеп, катастарски општини:  Топлица.

Регион Гевгелија, катастарски општини:  Црничани,

Регион Струмица, катастарски општини:  Водоча.

Додаток за превземање: 

Соопштение
Дата на објава: 
23 Декември 2012

Цинично и лицемерно е прикажувањето дека СДСМ во Прилеп се сретна со македонските земјоделци, доколку како такви се преставуваат малата група на партиски кадри, веќе докажани во фингирање на наводно земјоделско незадолство по партиски налог со фрлање на по некоја гајба домати, млеко или блокирање на пат во заштита на даночните проневери на некогашниот медиумски газда-нивен соселанец.

СДСМ оправдано се плаши да се сретне со вистинските македонски земјоделци кои ги остави без пласман, со згаснување на големите агро-комплекси, на кои им ги рушеше откупните цени во корист на нив блиските транзициски олигарси, на кои целосно им ја укина финансиската поддршка и успеа да оствари најголемиот пад на производството и понижувања кои земјоделците уште долго ќе ги паметат.


С О О П Ш Т Е Н И Е
Дата на објава: 
18 Декември 2012

Се известуваат сите корисници на земјоделско земјиште во државна сопственост кои имаат склучено договори за закуп со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, плаќањето на закупнината по основ на користење на земјоделско земјиште во државна сопственост под закуп можат да го извршат најдоцна до 31 јули во тековната година за претходната година.

 

Имено, согласно Законот за изменување и дополнувањето на Законот за земјоделското земјиште, се овозможува корисниците на закуп наместо плаќање на закупнината најдоцна до 31 декември во тековната година, истата да ја платат најдоцна до 31 јули во тековната година за претходната година.

 

Воедно сакаме да потенцираме дека законските измени за плаќање на закупнината најдоцна до 31 јули во наредната година се однесува само за неплатената закупнина за тековната 2012 година.


Syndicate content