Декларација донесена на на 5-тиот самит на министри за земјоделство во Берлин
Дата на објава: 
22 Јануари 2013
jpeg

На на 5-тиот самит на министри за земјоделство во кој се одржа во Берлин, од страна на министрите за земјоделство се усвои следнава декларација.

Предизвици


1. Да се прифати фактот дека одржливото земјоделството игра клучна улога во исхраната на популација која на глобално ниво сè повеќе расте и дека е неразделно поврзано со искоренувањето на сиромаштијата, недоволната исхрана и сиромаштијата, особено во земјите во развој и да се нагласи дека инвестирањето во одржливо земјоделство и рурален развој е од суштинско значење за да се оствари правото на соодветна храна;

2. Да се земе  предвид потребата да се задоволи побарувачката на храна од страна на 9 милијарди луѓе во 2050 година и да се нагласи дека земјоделското производство треба значително да се зголеми, со нето просечни годишни инвестиции во земјоделството на земјите во развој во износ од барем 83 милијарди долари, согласно проценките на ФАО;


Министрите за земјоделство се собраа на 5-тиот самит на министри за земјоделство во Берлин, Германија
Дата на објава: 
19 Јануари 2013
jpg

Министерот Димовски денес присуствуваше на 5-тиот самит на министри за земјоделство, кој е дел од „Зелена недела“ Во фокусот на годинашниот Самит на министри беше прифаќањето на фактот дека земјоделството игра клучна улога во исхраната на популација која на глобално ниво сè повеќе расте и е неразделно поврзано со искоренувањето на сиромаштијата, особено во земјите во развој. Исто така се стави акцент и на тоа дека инвестирањето во одржливо земјоделство и рурален развој е од суштинско значење за да се оствари правото на соодветна храна.Исто така се потврди фактот дека глобалното затоплување и десертификацијата, како и урбанизацијата на земјоделското земјиште, негативно влијае врз производството на основни прехрамбени производи, особено во земјите во равој.

 


Продолжува успешната соработка со министерствата за земјоделство од регионот
Дата на објава: 
18 Јануари 2013
20130118_153327.jpg

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчo Димовски на првиот ден од меѓународниот саем за храна, земјоделство и хортикултура „Зелена недела“ одржа билатерални средби со своите колеги, министрите за земјоделство од регионот кои беа присутни на саемот.

 

На средбата со словенечкиот министер за земјоделство и животна средина, Франц Боговиќ се разговараше за текот на реализацијата на билатералните договори во земјоделството, се дадоа можни проекти за идната година како и техничка соработка меѓу двете министерства.

 

 

На средбата со заменик министерот на Република Србија, Данило Голубович повторно се потврди успешната соработка помеѓу двете министерства. Заменик министерот Голубович побара од министерот Димовски техничка и институционална помош за вработените во српското министерство и нивната платежна агенција, на што министерот Димовски целосно ја даде својата подршка.

 

 


Ј А В Е Н П О В И К бр.2
Дата на објава: 
11 Јануари 2013

Врз основа на член 4 став 2 од Програмата за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост на плодоуживање на одредена категорија социјално необезбедени лица (“Службен весник на Република Македонија” бр.80/12), и  Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување 2012-2013 година  на Владата на Република Македонија, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објавува

 

Ј А В Е Н   П О В И К бр.2

за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост на плодоуживање на одредена категорија социјално необезбедени лица

I.ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК

Се објавува јавен повик за доставување на понуди за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост на плодоуживање на одредена категорија социјално необезбедени лица во следните региони:


Ј А В Е Н О Г Л А С 01/13
Дата на објава: 
5 Јануари 2013

Ј а в е н О Г Л А С    01/13

за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост

I. ПРЕДМЕТ НА јавниот ОГЛАС

Се дава во закуп земјоделско земјиште во сопственост на државата во регионот Чаир за вкупна површина од 56ха 23ар 46м2

 

Податоците за земјоделското земјиште од овој јавен оглас (за службености и други товари, за состојбата во која се наоѓа земјиштето, катастарските податоци содржани во имотниот односно поседовниот лист) се во согласност со катастарската евиденција и увид во тие податоци за секоја површина може да се направи на огласна табла во подрачната единица во Министерството, надлежна за соодветната огласена површина.

Времетраењето на закупот за кој се издава земјиштето е:

- подигање на маслинарници за период до 50 години;

- подигање на долгогодишни насад (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за период до 30 години;

- спортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30 години;

- рибници за период до 20 години;

Додаток за превземање: 

Syndicate content