Промоцијата на виното на странските пазари веќе дава одлични резултати
Дата на објава: 
10 Февруари 2013
JPG

Извозот на македонското вино на странските пазари бележи континуиран раст. По 2011 година која беше забележана како рекордна по пласманот на вино во последните 20 години, бројките велат дека количината на извезеното вино и понатаму расте. Потврда за тоа даваат и податоците за минатата 2012 година во која извозот на виното е зголемен за околу 18% , а остварениот девизен прилив за 25% споредбено со претходната година. Министерот за земјоделство, Љупчо Димовски при денешната посета на винаријата „Визба Валандово“ истакна дека ваквиот тренд продолжува и оваа година.

 

„Ние целата квота за извоз на наливно вино на земјите од Европската Унија заклучно со четврти февруари веќе ја исполнивме. Значи подобар индикатор за тоа дека веќе над 30 милиони литри вино се пласирани на пазарот од Европската Унија нема“ рече министерот Димовки.


Повик за добивање овластување за испитување на ѓубриња
Дата на објава: 
8 Февруари 2013

Се повикуваат сите заинтересирани правни лица кои ги исполнуваат условите согласно Правилникот за поблиските услови кои треба да ги исполнуваат правните лица овластени за испитување на ѓубрињата (Службен весник на Република Македонија бр.129 /10 ), врзоснова на член 34 од Законот за ѓубриња ( Службен весник на Република Македонијабр. 110/07, 20/09, 17/11 и 148/11), да се пријават заради добивање овластување за испитување на ѓубрињата. Кои барањето за овластување заинтересираните правни лица треба да ги достават следните документи :

-       тековна состојба издадена од Централен Регистар на Република Македонија на правното лице ;

-       диплома за завршено образование на вработените лица;

-       потврда за работно искуство издадена од институцијата каде истото е стекнато ;

-       М1/М2 обрасци за вработените лица;

-       План за испитување според начелата на добра земјоделска пракса;

-       Изјава за поседување на соодветна опрема за испитување;

-       Имотен лист или договор за закуп на деловен простор,заверен кај нотар ;

 

Додаток за превземање: 

Работен состанок на министерот Димовски со претставници Групацијата за свињарство
Дата на објава: 
7 Февруари 2013
P2070039.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денес одржа работен состанок со претставници Групацијата за свињарство и Директорот на Агенцијата за храна и ветерина Дејан Рунтевски. На состанокот се дискутираше на повеќе теми и претставниците од групацијата дадоа конкретни мерки и предлози за подобрување на состојбата во свињарството.


Министерството за земјоделство со финансиска подршка за претставување на фирмите на саемите за земјоделство
Дата на објава: 
6 Февруари 2013
IMG_0235.jpg

Согласно усвоениот план за одвивање на саемските манифестации, Mинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со националните организации на производители кои ги преставуваат фирмите учесници на саемите, започна со реализација на поддршката на првите саемски манифестации кои ќе се одржат на самиот почеток од 2013 година.

 

Имено, прв саем на кој ќе се претстават фирми од Македонија е саемот за свежо овошје и зеленчук „ФРУТЛОГИСТИКА“ (FRUITLOGISTIC) кој се одржува во периодот од 6 до 8 февруари 2013 година во Берлин. На саемот се застапени следните  компании од областа на свежо овошје и зеленчук: „Баџо“ ДООЕЛ експорт-импорт, ДПТУ „Туран Иван“ ДООЕЛ ехпорт-импорт, АД „Агролозар“, „Перминдекс“ експорт-иморт, „Агрокалем“ Неготино „Екооаза Самандов“ ДОО, АД „Гоце Делчев“ Тиквеш, АД „Агроплод“, „Фрута грозд“, и „Иви Пром“.

 


Пуштена браната Кнежево, решен проблемот со водоснабдување за шест општини
Дата на објава: 
26 Јануари 2013
Knezevo.JPG

Заврши реализацијата на првата фаза од изградбата на хидросистемот „Злетовица“. Инвестицијата е вредна 100 милиони евра, а со неа се решава проблемот за водоснабдување на шест општини во источниот дел од земјава.

 

Браната денеска свечено ја пуштија во употреба премиерот Никола Груевски, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство и за транспорт и врски, Љупчо Димовски и Миле Јанакиески.

 

Браната е висока 75 метри, во основа широка е 300 метри и со должина на акумулацијата од 4 километри, со максимална можност да акумулира 23,5 милиони метри кубни вода. Седумдесет милиони евра се обезбедени преку кредит од Јапонската агенција за меѓународна соработка „Џајка“, а 25 милиони од Владата на Република Македонија.

 


Syndicate content