Реакција на Министерството за земјоделство по повод денешниот протест на СДСМ пред министерството
Дата на објава: 
13 Февруари 2013

Денес земјоделците кои учествуваа на јавната расправа во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за заедничко договарање на спроведувањето на нивните земјоделски политики за 2013 година, пред зградата на Министерството имаа можност да ги видат лажните душегрижници за нивните состојби кои, тогаш кога беа повикани и одговорни да направат нешто за нив, најблаго речено ги игнорираа дека постојат.

Жално е што за опозиционите господа продолжува собраниската надзорна расправа на која доживеаја целосно фијаско токму од самите земјоделци.

Смешно е повторувањето на случаи на кои им е одговорено во целост, со што со своите лаги повторно се обидуваат да ја манипулираат јавноста, во иста мера како што се невешти наброените податоци кои само ним им се познати.

Патем, да потестиме дека овие господа дури и во опзиција преку блокирање на буџетот за 2013 година во Собранието се обидуваа заслужените пари за субвенции воопшто да не стигнат до земјоделците.


За добивање земјоделски субвенции неопходно исполнување конкретни услови
Дата на објава: 
13 Февруари 2013
P2130058.JPG

Добра земјоделска пракса, повисок квалитет на производите, заштита на животната средина и оптимално користење на природните ресурси ќе бидат само некои од условите за добивање земјоделски субвенции во наредниот петгодишен период.

Како што рече  министерот Љупчо Димовски, овие принципи дефинирани во најновата Програма 2013-2017, ќе се воведуваат постепено и најпрво ќе важат за одредени категории производители и за поголемите стопанства.

 

- Принципите на добра земјоделска и хигиенска пракса како услов за стекнување право за користење финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој согласно Програмата, ќе се воведуваат постепено, најпрво како барања за основна земјоделска и добра земјоделска и хигиенска пракса кои се полесни за спроведување за земјоделците, истакна Димовски на јавната расправа за Предлог-листата за минимални услови за добра земјоделска пракса и животната средина.

 


Министерот Димовски оствари работна средба со г. Јан Јубан претставник на Меѓународната организација за вино.
Дата на објава: 
13 Февруари 2013
P2130046.JPG

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денес во просториите на министерството оствари работна средба со г. Јан Јубан , асистент на Генералниот директор на Меѓународната организација за вино.

 

Меѓународната организација за вино со седиште во Париз, Франција е најголема организација која се занимава со вино, брои 45 членови од различни земји и сите одлуки во организацијата се донесуваат со консензус.

 

г. Јубан истакна дека е многу важно Македонија да биде активен член на Меѓународната организација за вино, што понатаму би значело многу важен чекор  за нејзиното придружување кон земјите на ЕУ.

 


Започнува проектот за развој на производството и квалитетот на оризот
Дата на објава: 
12 Февруари 2013

Турската Агенција за соработка и координација (ТИКА), предводена од пограмскиот координатор, д-р Махмут Чевик, денeс на министерот Димовски му го претставија „Проектот за развој на производството и квалитетот на оризот“, кој на почетокот ќе го опфати Кочанскот регион.

 

Проектот беше резултат на повеќе состаноци одржани состаноци во координација со Турската Агенција за соработка и координација, со вработени од Министерството, Кластерот за ориз, Независниот синдикат на земјоделци и оризопроизводителите каде беше истакната  потребата од техничка поддршка и искуства од турски експерти. Република Турција има развиено земјоделско производство во производството на ориз и производството на високоприносни сорти ориз. Имено, во последните 10-тина години производството на ориз на Турција го надминува европското производство.


Министерството за земјоделство продолжува со финансиската подршка за претставување на фирмите на саемите за земјоделство
Дата на објава: 
11 Февруари 2012
DSC04056.jpg

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија согласно програмата за поддршка на извозот на македонски производи обезбеди финансиска подршка од 40 илјади евра за простор и  штанд од 56м2 за македонски компании производители на вино кои учествуваат на престижниот меѓународен саем за пијалоци „ПРОДЕКСПО 2013“ кој почнува денес а ќе трае  до 15 февруари. Организацијата на штандот и учеството на компаниите е во заедничка соработка со Македонска Руска Стопанска Комора.

 


Syndicate content