Средба на Димовски со градоначалникот на Мостар Љубо Бешлич
Дата на објава: 
26 Февруари 2013
 2.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, денес оствари средба со градоначалникот на Мостар Љубо Бешлич.

 

Градоначалникот Бешлич и посака добредојде на македонската делгација иако приликата во која се сретнуваат е тажна. Тој изрази жалење што Мостар во македонската историја е запишан по еден немил настан, кој се поврзува со смртта на претседателот Борис Трајковски.

Министерот Димовски се заблагодари за грижата на Мостар и Босна и Херцеговина во одбележувањето на немилиот настан и за почитта што ни ја укажуваат.

 

Иако Ротмиље е запишано со црни букви во нашата историја денес сме тука да оддадеме почит на нашиот претседател Борис Трајковски по повод деветгодишнината од неговата прерана смрт рече министерот Димовски.

Тој истакна дека ние треба да гледаме напред и да ги зајакнуваме односите. Мостар останува наш близок град со заедничка историја.


Со турска помош до подобро оризопроизводство
Дата на објава: 
22 Февруари 2012
jpg

Развој на нови високопродуктивни сорти ориз за унапредување на квалитетот, зголемување на приходот и подобрување на пласманот и маркетингот е целта на проектот што Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе го спроведува во наредните две години со техничка помош на турската Агенција за соработка и координација (ТИКА).

Имплементацијата на планираните активности, чиј фокус ќе биде ставен на употреба на модерна технологија во производството, индустријата и дистрибуцијата, како и на обука на експертите и земјоделците, ќе почне во кочанскиот регион.

Како што беше истакнато на денешната промоција, целни групи на проектот, освен стручњаците и производителите се и здруженијата, кооперациите, инвеститорите и потрошувачите.


Средба на министерот Димовски со амбасадорот на Словенија Бранко Раковец
Дата на објава: 
21 Февруари 2013
jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, денска се сретна со  амбасадорот на Словенија НЕ Бранко Раковец. На средбата стана збор за соработката на двете земји во областа на земјоделството која се реализира согласно Договорите меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Словенија за соработка во областа на заштита на растенијата и за соработка на полето на ветеринарна медицина.

 


Министерот Димовски на средба со членките на потсекторските групи за овошје и зеленчук
Дата на објава: 
20 Февруари 2013
DSC_0172.JPG

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во наредниот период посебно внимание ќе посвети на преработувачкиот сектор, кој треба да биде катализатор на кооперативното здружување и главен фактор во прибирање на пазарните вишоци од овошје и зеленчук во Македонија.

 

Ова беше наглсено на денешната средба во Струмица на членките на потсекторските групи за овошје и зеленчук, на која беа разгледани тековните програми за поддршка, а на која учествуваше и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство,  Љупчо Димовски.

 

Министерот Димовски истакна дека овие средби со подсекторските групи добра можност за директна комуникација на производителите и преработувачите, како важна алка во синџирот на македонскиот аграр. Инаку, средбата се одржа во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, АгБиз програмата на УСАИД и ЦеПро САРД.

 


Годинава се очекува квалитетна реколта грозје и успешен пласман на домашното вино
Дата на објава: 
14 Февруари 2013
P2140149.JPG

Богата, многу квалитетна реколта грозје и исклучителено успешен пласман на домашното вино очекува годинава министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.

 

Димовски, кој денеска присуствуваше на традиционалното закројување лозови насади по повод празникот Св. Трифун во селото Курија, Неготинско, напомена дека повеќе од евидентно зголемениот квалитет на грозјето во изминативе години драстично се одрази врз пласманот на виното и неговото позиционирање на странските пазари.

 

- Како потврда дека и оваа година ќе биде навистина успешна зборува податокот според кој целата извозна квота од Македонија за ЕУ е исполнета уште на 4 февруари, истакна министерот.

 


Syndicate content