Владин тим во посета на Балканска млекара
Дата на објава: 
15 Март 2013
JPG

Турски „Суташ“ кој ја купи млекарата „Сведмилк“ најавува почеток на производство во мај годинава. Ќе почне со шест категории производи. Досегашната инвестиција е 10 милиони евра и се ангажирани околу 50 вработени.

Владин тим предводен од вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска го посети производствениот капацитет на Суташ во Македонија „Балканска млекара“, при што се запозна со активностите што ги спроведува турскиот инвеститор за почеток на производството. На посетата беа и замениците министри за земјоделство, Зоран Коњановски и за економија Христијан Делев.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски потенцира дека Владата ќе излезе во пресрет на компанијата да се овозможи амбиент во кој ќе го проширува своето производство. Потенцира дека Македонија е увозно зависна од млеко и оти не ги задоволува потребите на пазарот, но дека компанијата ќе добие поддршка, во креирање на свој бизнис план.


Потпишан протокол за соработка помеѓу министерството за земјоделство и ТИКА
Дата на објава: 
15 Март 2013
TIKA 1.jpg

Во Македонија ќе се развива производствен систем на квалитетни сорти ориз за зголемен приход на производителите на ориз и за подобар пласман на тој земјоделски производ, преку размена на искуства со Турската агенција за соработка и координација за развој на производството и квалитетот на оризот (ТИКА).

Ќе се спроведува проект за развој на производството и квалитетот на оризот, чија основа е протоколот за соработка што денеска во Скопје го потпишаа македонскиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и претседателот на Секторот за Балкан и Источна Европа на ТИКА, Али Маскан.

Министерот Димовски по средбата информира дека во рамки на проектот е предвидена техничка помош за подобрување на квалитетот и продуктивноста на оризот, како и поддршка на оризопроизводителите и научниот  кадар во Македонија, преку користење нови сорти ориз.


Дополнителна надградба на системот за идентификација на земјишни парцели
Дата на објава: 
14 Март 2013
jpg

Со 730 илјади евра, средства од Инструментот за претпристапна помош (ИПА) на Европската унија, ќе се надоградува системот за идентификација на земјишни парцели.

Со него ќе и се помогне на државата поефикасно да ја спроведува програмата за финансиска поддршка во земјоделството, директните плаќања, како и програмите за рурален развој, а од друга страна земјоделците ќе добијат поедноставен и посигурен процес на аплицирање за субвенции.

Според министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, со системот за идентификација на земјишни парцели ќе се ограничи можноста за неправилно внесување на податоците при процесот на апликација за финансиската поддршка.


Потпишана Рамковната програма на ФАО за Република Македонија 2013-2015
Дата на објава: 
14 Март 2013
23.jpg

Денеска во министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се потпиша Рамковната програма на ФАО за Република Македонија 2013-2015. Во име на Владата на Република Македонија, потпиша Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, заедно со Тони Алонзи од  Организацијата за храна и земјоделство на ОН и Деирдре Бојд, постојан претставник на Обединетите Нации во Република Македонија.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија и Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите Нации (ФАО), имаат долгогодишна успешна соработка заснована на бројни проекти и програми за поддршка на процесот на трансформација на земјоделскиот сектор согласно барањата на ЕУ и за поддршка на развојот на руралните средини.


Поставен камен темелник на нова винарска визба
Дата на објава: 
13 Март 2013
123.jpg

Во росоманското село Трстеник денеска беше поставен камен темелник на нова винарска визба, која што ќе биде со капацитет од 10 милиони литри.

На почнувањето со градба на винаријата, која е во сопственост на Акционерското друштво “Гоце Делчев-Тиквеш“ од Кавадарци, во Трстеник присуствуваше и министерот за земјоделство Љупчо Димовски.

- Македонија е лидер во регионот за производство на вино. Бројот на винарските визби кај нас постојано се зголемува, што е јасен показател дека винарството веќе сигурно станува начин на живот и силен мотор во земјоделството и економијата на земјата во целина. Виното е најизвезуван пијалок и втор земјоделски производ по остварениот приход од извоз. Во просек околу 85 проценти од производството на вино е наменето за извоз, рече Димовски.

Тој се осврна на резултатите од минатата година во секторот.


Syndicate content